Снег


Лејла Сабит Некогаш снежи само еден час, а некогаш паѓа без прекин. Во природата, на планините, во град, на село, под вашиот прозорец или во вашите мисли. Раскажува романтична или болна приказна, виртуелна или реална, доживеана или прераскажана. За некого е игра, за некого обврска, за некого хаос, а за некого профит. За некого дар […]

Не на грбот на работникот!


Здравко Савески Дезинформацијата од ММФ Шефицата на мисијата на ММФ во Македонија, Џасмин Рахман, на меѓународната конференција во Скопје, организирана од Народната банка, изјави дека ММФ препорачува да се зголеми старосната граница за пензионирање како што е во ЕУ, бидејќи сме имале слична должина на животен век. Две прашања се наметнуваат во врска со оваа […]

Груевски врати се, твоите се на власт


Слободанка Јовановска Политичарот со повеќе партиски дресови, Лазар Еленовски, стана специјален пратеник за НАТО во Брисел. Освен што воопшто не е јасно зошто ни е таква функција, покрај национален координатор за НАТО со поголем углед од неговиот, речиси е неверојатно како профил од ваков тип ДУИ успеа да му го „продаде“ на СДСМ, како некој […]

Владата во дупка од 500 милиони евра


Ерол Ризаов Најавените нови реформи на пензискиот систем за санирање на застрашувачката црна дупка во буџетот од 500 милиони евра годишно, што му доаѓа речиси една четвртина од државната каса, се поопасен терен за лизгање и паѓање на владата на Зоран Заев отколку промената на името на државата. Првите најави дека се можни такви реформи […]

3-6-9 месеци или години?


Александар Николовски Планот 3-6-9, кој медиумски силно беше најавен од Владата, би требало да претставува акциски план за спроведување на реформите што Македонија треба да ги испорача во неколку клучни области, како владеење на правото, правосудство, јавна администрација, медиуми, безбедносно-разузнавачки служби. Според Владата, тие требаше се базираат на препораките на високата експертска груба на Рајнхард […]

За Македонцките работи


Звонко Давидовиќ Пред 115 години Крсте Петков-Мисирков во книгата „За македонцките работи“ ги изнел своите научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, а како единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна […]

Нема правда – нема мир


Александра М. Митевска Премиерот Зоран Заев ќе го проветрува кабинетот! Оваа негова најава соопштувана последвателно во последните неколку дена, можеби, за кратко го дефокусира вниманието на јавноста, која, пред неколку месеци, со големи очекувања, ја прослави смената на власта, односно етаблирањето на СДСМ во неа – практично под паролата „нема правда – нема мир“. Тоа, […]

И, сега што?


Петар Арсовски Мислам дека заклучокот дека не знаеме што да правиме со слободата е апсолутно точен. Но, би додал, ние од слободата малку и се плашиме. Авторитарниот систем создава и послушници и бунтовници, но истовремено овозможува стабилност, лесен изговор дека некој друг мисли за вас, дека вашата судбина не е целосно ваша сопствена одговорност. Оттаму, […]

Еднакво среќни, или несреќни


Ерол Ризаов Можно ли е Македонија и Грција да станат добри соседи? Ако не е можно, лесно ќе се најдат милион причини тоа да не се случи. Како што се наоѓаше редовно во изминатите 27 години. Во тој случај преговорите ќе бидат само парада и обид другиот да биде виновен за неуспехот, на голема радост […]

Ќе нѐ уништи незнаењето и примитивизмот


Ерол Ризаов Секогаш кога Македонија ќе стаса на некоја историска раскрсница ќе букне балканскиот примитивизам и простотија, разгорени од постојаните дежурни пиромани добро распоредени во престолнината и вдолж реките Брегалница и Вардар сѐ до вливот, па и понатака среде Белото Море. Чуварите на националниот идентитет и достоинството на шопјето кое стенка оковано во прангите на […]

Како да не се срамите поради неинформираност


Ѓорѓи Спасов Долго време по војната борците од НОБ, и кога немале важна политичка функција на општинско ниво, знаеле пред сите кој ќе биде идниот секретар на комитетот или претседател на општината. Со можноста да ги имаат тие информации пред сите, тие долго време по пензионирањето биле почитувани, угледни и се сметале дури за влијателни. […]

Кадифе


Лејла Сабит Мазно на допир, ама носи силна порака. На црвениот килим, на барикадите или меѓу детските играчки. Не секоја жена избира кадифе за гала-настан, не секој маж предводи кадифена револуција ниту, пак, секое дете сака да си игра со кадифено мече. Една е Анџелина Џоли, еден е Вацлав Хавел, и среќни сме што сме […]

Замката на македонската економија


Никола Поповски Никој, баш никој нема илузија дека македонската економија стои добро. Како да е воспоставен некој чуден консензус кај сите во земјата и во меѓународните организации што се занимаваат со економски прашања дека работите не одат добро. Таквиот консензус не е случаен. Тој се базира на факти. Всушност, економијата, ако се набљудуваат стандардните индикатори […]

Сега сите надежи се во Берлин


Александра М. Митевска Престојот на премиерот Зоран Заев и големата владина делегација во Берлин ги оправда очекувањата дека станува збор за една од најзначајните официјални посети на македонскиот премиер по смената на власта во земјава. Не само затоа што Германија е една од највлијателните држави во НАТО и во ЕУ и еден од најзначајните трговски […]

Шчо требит да праиме за одназад


Ерол Ризаов Ете дознавме шчо требит да праиме за однапред, во духот на злоупотребата на мислата на еден од најголемите македонски дејци, Крсте Петков-Мисирков. Остана да научиме уште шчо требит да праиме за одназад, за да разбереме конечно како тоа по 27 потрошени години во борба за докажување на вистината за неправдата што ни ја […]

Светската банка мора да ѝ се врати на својата мисија


Џефри Сакс Њујорк – Светската Банка соопшти дека нејзината мисија е да ја искорени екстремната сиромаштија во текот на една генерација и да го зголеми заедничкиот просперитет. Овие цели се универзално договорени како дел од Одржливите развојни цели на ОН. Меѓутоа, на Светската Банка ѝ недостига стратегија за тоа, па сега му се обраќа на […]

Моќните браќа Бајрактари од Белата куќа


Љупчо Поповски Фотографијата на мртва природа во канцеларија во Белата куќа со еден човек минатата недела во голема мера беше предмет на потсмев во македонскиот свет на социјалната интеракција. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, обидувајќи се да ја зголеми перцепцијата за својата важност во светот на овдешната политика и кај гласачите, беше застанал зад празната […]

Злосторство без казна


Сунчица Стојановска Зоксимовска Да одземеш дете од родители затоа што го злоупотребувале, да го ставиш под заштита на државата за да направиш човек од него и да го втурнеш во маѓепсан круг на сексуални злоупотребувања, проституција или трговија со луѓе, покажува комплетен крах на целиот државен систем кој како по правило, потфрла кога треба да […]

Писмо за прекин на преговорите со Грција


Ерол Ризаов Го прочитав неколку пати отвореното писмо на близу 200 јавни личности, македонски интелектуалци адресирано до политичките лидери на Македонија озглавено со познатата мисла на Мисирков: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“ Повод за ова обраќање е, како што наведуваат, длабоката загриженост од начинот на кој Владата го води процесот на […]

Продолжува какистрократијата


Соња Стојадиновиќ Чувството на револт, разочарување, па дури и гнев превладува низ населението кое на последните парламентарни избори ја изрази поддршката кон коалицијата на СДСМ. Дали очекувањата за брзи промени беа нереални или беа нереални ветувањата, малку е потешко да се каже. Освен осудите и критиките за погрешните кадровски решенија што не стивнуваат, не стивнуваат […]