Митрески: ВМРО-ДПМНЕ ја кочеше гасификацијата, сега е при крај


Кандидатот за пратеник и ко-носител на листа на СДСМ во Изборната единица 5, Јован Митрески денеска изјави дека градежната офанзива продолжува и покрај вонредните услови во државата поради КОВИД-19. -Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата земја по европски пример. Градиме инфраструктура за сите, …

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ ја кочеше гасификацијата, сега е при крај Read More »

Пратениците од ГДУ ќе ги донирале платите, ќе задржеле само 14.500 денари


Граѓанско-демократската унија (ГДУ) на овие избори, согласно анкетите има шанса да добие двајца пратеници во Изборната единица 3, посочи на денешната прес-конференција лидерот на партијата, Петар Колев. Тој и вториот на листата денеска дале изјава на нотар, со којашто како што рече да предзвикаат промена во општеството преку нивниот личен пример. „Во изјавата на нотар, …

Пратениците од ГДУ ќе ги донирале платите, ќе задржеле само 14.500 денари Read More »

Шахпаска: Насилството им е решение за сѐ


Обезбедуваме еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството, изјави Јагода Шахпаска, носителка на листата на коалицјата „Можеме“ во ИЕ 3. „Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската …

Шахпаска: Насилството им е решение за сѐ Read More »

Јанушев во Македонска Каменица: СДСМ се обидува сите да нѐ повлече во слепа улица


Носителот на листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Игор Јанушев, денеска ја посети Македонска Каменица, од каде што порача дека со победа на неговата партија „ќе дојде обновата на Република Македонија“, а со тоа ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. „Денеска сме во посета …

Јанушев во Македонска Каменица: СДСМ се обидува сите да нѐ повлече во слепа улица Read More »

Заев: СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти


СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти што ќе донесат долгорочни позитивни ефекти за подобар живот на сегашните и идните генерации, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев, при посетата на локацијата каде гради брана Речани како дел од хидросистемот „Оризарска река“. Според Заев, има значителен напредок во изградбата на браната, која, потенцираше, …

Заев: СДСМ е посветена на изградба на крупни капитални проекти Read More »

Македонски концепт ќе ги задржува младите со претприемничко партнерство


Македонски концепт со проекти за деловно просперирање на младите и за деполитизација на општествените дејности ќе ги задржува младите во земјава. Партнерство со младите и Закон за забрана на политичкото влијание во спортот се првите проекти со кои ќе се бориме за Македонија да биде единствениот избор на младите за градење иднина во земјава, велат …

Македонски концепт ќе ги задржува младите со претприемничко партнерство Read More »

Зибери: Три години нула данок за секој под 35 години кој првпат се вработува


Кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери денеска во паркот Чаир се сретна со младите на кои им ги презентираше младинските политики и заложби за првите 100 дена како премиер. За време на средбата, тој беше запознат со проблемите на младите, причините зошто планираат да ја напуштат земјата и кои би биле најплодните политики што …

Зибери: Три години нула данок за секој под 35 години кој првпат се вработува Read More »

Економски приоритети и определби на “Единствена Македонија”


Во првата изборна единица од “Единствена Македонија “ и коалицијата “Никогаш северна, само Македонија” денеска имав средби со избирачите на оптините Карпош и Центар. Некаде сме на средината на кампањата, јас сум секој ден на средби со народот и можам да го изразам моето огромно задоволство, бидејќи народот масовно ги прифаќа нашите стратешки определби од …

Економски приоритети и определби на “Единствена Македонија” Read More »

Заев: Сјајот на сонцето е посилен од отсјајот на Мицкоски


Во импресивна сценографија видена од дрон, на крај на пат, високо на Пониква, СДСМ одржа вечерва митинг за Кочани. „Јадат комарците, но навикнат сум, мене Мицко ме јаде долго време, не може да спие од мене, но додека мене ме јаде си го подјадува рејтингот“, го почна обраќањето лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочувајќи на …

Заев: Сјајот на сонцето е посилен од отсјајот на Мицкоски Read More »

Димитров: Македонскиот е иден официјален јазик на ЕУ


Министерот Никола Димитров вечерва на ТВ 24 рече дека се што кажале во контекст на нашиот пробив, испорачале. – Рековме ќе влеземе во НАТО – влеговме во НАТО, рековме ќе ги почнуваме преговорите со ЕУ – добивме зелено светло. Еве ја сега и преговарачката рамка во којашто како стартна позиција на чуварот на европските вредности …

Димитров: Македонскиот е иден официјален јазик на ЕУ Read More »

За Силјановска преговарачката рамка не значи почеток на преговори


Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки, нагласи Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1. Таа на дебатата во телевизија …

За Силјановска преговарачката рамка не значи почеток на преговори Read More »

Заев: Да купуваме домашни производи, да им помогнеме на економијата и компаниите


Претседателот на СДСМ и носител во Четвртата изборна единица Зоран Заев денеска апелираше граѓаните да купуваат домашни производи особено сега бидејќи на таков начин, како што рече, ја помагаат домашната економија и ги помагаат нашите вредни производители на македонски производи и на македонска квалитетна храна. – Преку третиот пакет мерки пуштивме во оптег 355 милиони …

Заев: Да купуваме домашни производи, да им помогнеме на економијата и компаниите Read More »

СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ и во анкетата на НДИ – 24,8 наспроти 21,2 отсто


Сликата на граѓаните во Македонија станува попесимистичка последниве месеци поради епидемијата со корона вирусот и нејзиното влијание врз економијата. Така покажува новата анкета на американскиот Националниот демократски институт (НДИ) направена во втората половина на јуни. Зголемен е бројот на испитаниците кои мислат дека Македонија се движи во погрешна насока – 44 отсто (во последното истражување …

СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ и во анкетата на НДИ – 24,8 наспроти 21,2 отсто Read More »

ДУИ ветува 20.000 евра државна помош за младите за купување стан


Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска посети млади семејства, со кои разговараше за проблемите со кои тие се соочуваат. -Нашите заложби во овој поглед се многу сериозни. Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршката за младите парови до …

ДУИ ветува 20.000 евра државна помош за младите за купување стан Read More »

ДУИ бара фер пристап од медиумите за „третиот кандидат за премиер“


Демократската унија за интеграција го поздравува апелот на Агенцијата за медиуми за обезбедување баланс во посебните информативни емисии. Агенцијата во своето соопштение ги потсетува радиодифузерите дека во рамките на посебните информативни емисии – дебати, соочувања, интервјуа итн. треба да обезбедат еднаков пристап и правичност, избалансираност и непристрасност. Воедно Агенцијата потсетува на обврската на медиумите да …

ДУИ бара фер пристап од медиумите за „третиот кандидат за премиер“ Read More »

АВМУ бара да се обезбеди баланс во посебните информативни емисии за изборите


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) бара од медиумите да обезбедат баланс во посебните информативни емисии за предвремените парламентарни избори и апелира до учесниците во изборната кампања да учествуваат во посебните информативни емисии зашто тие се еден од начините како граѓаните директно да се информираат за нивните изборни програми и да ја споредат …

АВМУ бара да се обезбеди баланс во посебните информативни емисии за изборите Read More »

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите


Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени причини не можат да се вклучат во работата на овие изборни органи. -Упатството се однесува за набљудување на изборите за …

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите Read More »

Кекеновски ќе го укинува новиот Закон за Јавно обвинителство


Во првите 30 дена од нашиот избор ќе го укинеме Изборниот законик и новиот Закон за Јавно обвинителство кој ги штити оние кои сега и оние кои во иднина ќе бидат на власт. Ќе ги заплениме системите за прислушување во сопственост на политичките партии и бизнисмени кои располагаат со вакви уреди и ќе следи кривична …

Кекеновски ќе го укинува новиот Закон за Јавно обвинителство Read More »

Заев во Ново Село најави три откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи


Во новиот мандат обезбедуваме сигурен пласман и современи услови за складирање на градинарските производи преку изградба на 3 откупно-дистрибутивни центри, еден од нив и овде во Струмица, најави денес во Ново Село лидерот на СДСМ Зоран Заев. Зборувајќи за земјоделсттввото тој рече дека во последните три години кон земјоделците биле насочени 480 милиони евра, преку …

Заев во Ново Село најави три откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи Read More »

Тачи: Опцијата на нашата партија ќе победи на изборите


Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи во текот на вчерашниот ден остварил средба со граѓани на Гостивар, каде изразил уверување дека опцијата на неговата партија ќе победи на парламентарните избори закажани на 15 јули. Тачи го коментирал и кандидатот за премиер од Демократската унија за интеграција Насер Зибери, кого го нарече терорист. – …

Тачи: Опцијата на нашата партија ќе победи на изборите Read More »