Димитров: Македонскиот е иден официјален јазик на ЕУ

Министерот Никола Димитров вечерва на ТВ 24 рече дека се што кажале во контекст на нашиот пробив, испорачале.
– Рековме ќе влеземе во НАТО – влеговме во НАТО, рековме ќе ги почнуваме преговорите со ЕУ – добивме зелено светло. Еве ја сега и преговарачката рамка во којашто како стартна позиција на чуварот на европските вредности и законодавство, е македонскиот јазик. Тој е иден официјален јазик во ЕУ, истакна Димитров.
Тој појасни дека рамката тој параграф вели „ Северна Македонија со време да го преведе европското законодавство на македонско и ќе треба да има луѓе преведувачи пред да се зачлени, бидејќи суштината на рамката е полноправно членство во ЕУ“.
-ЕК застана на принципот на нашата лична карта на ОН каде јазикот ни е македонски и во таа смисла потврди дека изразувањето на нашето право на самоопределување и европската интеграција се нужно комплементарни процеси. Бидејќи македонскиот јазик е наша работа и тој апсолвирано прашање и дома и во светот,“ рече Димитров.