Шахпаска: Насилството им е решение за сѐ


Обезбедуваме еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството, изјави Јагода Шахпаска, носителка на листата на коалицјата „Можеме“ во ИЕ 3.

„Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на истанбулската Истанбулската конвенција. СДСМ вети и оствари, родова еднаквост во партијата, 50-50  застапеност на жените во политиката, тоа го потврдуваат  и двојните носители на листи за претстојните избори. Еднакви права и рамноправност на жените во сите сегменти во општеството“, рече Шахшаска.

Таа истакна дека денеска уште една бомба одекна во јавноста во која генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиевски се заканува дека „ќе и удрел бокс во фаца“ на жена од општинскиот комитет.

„Тоа е вистинското. Насилството им е решение за се. Насилство врз жени, насилство врз студенти, насилство врз пратеници и новинари. Повторно, глумењето на лажна загриженост за граѓаните уште еднаш на ВМРО –ДПМНЕ им падна во вода“, рече таа.

Таа потенцираше дека огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган „Исправи се“, затоа што, како што рече, секојдневно потврдуваат дека зад маската која ја носат стои понижувачки, недоличен, неодговорен однос кон граѓаните, а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство.

Шахпаска истакна дека и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост, а со тоа, посочи таа,  не ги почитува жените, како еднакви и рамноправни на мажите.