ВМРО-ДПМНЕ не сака онлајн седници


Идејата на собранискиот спикер за „онлајн седници“ е одбиен од ВМРО-ДПМНЕ пред и воопшто да биде ставен во некаква процедура за гласање. Од партијата на Христијан Мицкоски порачуваат дека онлајн-собрание во време на корона-кризата е само алиби за тенкото мнозинство, бидејќи некои пратеници не се појавуваат на работните места и нема кој да гласа. „Не …

ВМРО-ДПМНЕ не сака онлајн седници Read More »

СДСМ до Мицкоски: Не можеш со протести да ги загрозиш преговорите со ЕУ


Како резултат на очај и фрустрации ги толкуваат во СДСМ најавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за протести наесен, иако државата доби нова проевропска Влада пред само неколку денови. -Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ.Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози …

СДСМ до Мицкоски: Не можеш со протести да ги загрозиш преговорите со ЕУ Read More »

Средба на Џафери со Тимоние


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние. Џафери изрази благодарност за поддршката од Француската Република во напорите за исполнување на стратешките приоритети на земјава и задоволство од плодната билатерална соработка. Тој го имнформирал францускиот амбасадор за претстојните активности на Собранието за изборот на комисии, делегации и пратенички групи …

Средба на Џафери со Тимоние Read More »

Мицкоски: Власта ќе падне на рати, не преку ноќ


Јас и ВМРО-ДПМНЕ имаме еден противник: тоа не се самонаречените иницијатори од хотелската коалиција, кои патем немаат поднесено иницијатива за Конгрес за кој толку многу говорат и го најавуваат, туку за противник го имаме изворот на лошиот живот во државата, а тоа е СДСМ и Зоран Заев кои во државата создадоа поларизираност и една елитизирана каста која …

Мицкоски: Власта ќе падне на рати, не преку ноќ Read More »

Левица: ОЈО и МВР јавно да соопштат до каде е постапката за хакерските напади на ДИК


По повеќе од еден месец од изборите одржани на 15-ти јули Левица бара ОЈО и МВР јавно да соопштат до каде е постапката за очигледниот инжинеринг на денот на изборите, кога за прв пат откако во 2006 година ДИК беше дигитализирана, граѓаните не можеа да го следат броењето на гласовите и резултатите, што дополнително го …

Левица: ОЈО и МВР јавно да соопштат до каде е постапката за хакерските напади на ДИК Read More »

Коневски до Мицкоски: Дојде време да дадеш оставка


Некогашниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, преку социјалните мрежи упати порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Коневски, времето за оставка на Мицкоски е дојдено и тој не може да се поистоветува со партијата. „Сѐ уште актуелен претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, зошто одбиваш достоинствено да си заминеш од функцијата кога и сам знаеш дека времето …

Коневски до Мицкоски: Дојде време да дадеш оставка Read More »

Албанскиот шеф на дипломатијата му го честиташе изборот на Османи


Албанскиот овластен министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај му го честиташе изборот за нов шеф на македоснката дипломатија на Бујар Османи, изразувајќи подготвеност за зголемување на динамиката за членство во ЕУ. Цакај во објава на Фејсбук, напиша дека телефонски разговарал со „првиот албански дипломат на Македонија“ и оти со него на чело на …

Албанскиот шеф на дипломатијата му го честиташе изборот на Османи Read More »

Албанските медиуми за изборот на новата македонска влада


Албанските медиуми отстапија широк простор за изборот на новата влада на Република Северна Македонија, посебно посочувајќи ги приоритетите што ги соопшти премиерот Зоран Заев, како и бројот на министрите Албанци во новата извршна власт на земјата. „Избрана влада на Северна Македонија-Заев ги соопшти приоритетите“, „Во новата влада на премиерот Заев шест министри Албанци“, се само …

Албанските медиуми за изборот на новата македонска влада Read More »

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски


Новиот премиер Зоран Заев официјално ја презеде функцијата. Рано утрово тој во Владата се сретна со досегашниот премиер кој ја предводеше техничката Влада Оливер Спасовски. Заблагодарувајќи му се на досегашниот премиер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, Заев оценил дека храбро и успешно се справиле со здравствено-економската …

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски Read More »

Апасиев го нарече Филипче „министер за задгробен живот“


Објаснувајќи ја партиската структура на новата Влада, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, во своето обраќање во Собранието рече дека во неа има двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ. Иако не ги спомена директно по име со ресорите кои ги кажа јасно беше дека тоа се однесува на Никола Димитров и Венко Филипче. Тој го нарече Никола Димитров …

Апасиев го нарече Филипче „министер за задгробен живот“ Read More »

На Силјановска и пречи што ќе нема промена на Уставот


Во текот на попладневниот дел од расправата во Собранието за избор на нова Влада, пратениците од власта и опозицијата продолжија со изнесување оценки  за предложениот владин состав и програма, доставени од мандатарот Зоран Заев. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива акламативно најавија дека нема да дадат поддршка за избор …

На Силјановска и пречи што ќе нема промена на Уставот Read More »

Критики за образованието во Собранието


Расправата во Собранието за избор на Влада продолжи по паузата. Претходно,  пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми, истакна дека ќе гласа ЗА и дека ќе ја поддржува новата Влада во целиот мандат бидејќи, како што рече, верува во кадрите кои се предложени да раководат со министерствата. -Уверен сум дека не само, тоа што ќе го почнат …

Критики за образованието во Собранието Read More »

Павле Трајанов бара да се намали бројот на пратеници на 90


Пратеникот Павле Трајанов денеска прв се обрати на продолжението на собраниската седница за избор на новата Влада. Тој предложи да се намали бројот на пратеници, како што рече, од 120 на 90. Трајанов предложи и Македонија да биде една изборна единица, а да остане пропорционалниот модел. „Треба да се остави можност претседателот на државата да …

Павле Трајанов бара да се намали бројот на пратеници на 90 Read More »

Мизрахи го нападна Заев за промената на името


Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, го потсети од собраниската говорница лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека тврдел дека нема да го смени името на државата прашувајќи дали сега ќе го смени и името на јазикот. Заев, пак, ѝ реплицираше со пораката дека помина времето на лажни патриоти. Мизрахи ги цитираше изјавите на Зоран Заев во …

Мизрахи го нападна Заев за промената на името Read More »

Манчевски на местото на Рашковски во Генералниот секретаријат на Владата?


Досегашниот министер за инфорамтичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој сега е избран за пратеник и не се враќа како член на владиниот кабинет, сепак, е можно да се врати во Владата како генерален секретар. ТВ 21 повикувајќи се на неофицијални информации  објави дека Манчевски ќе биде наследникот на Драги Рашковски, како генерален секретар на …

Манчевски на местото на Рашковски во Генералниот секретаријат на Владата? Read More »

Џафери ги искара пратениците за доцнење


По еден час пауза, во Собранието продолжи собраниската седница за избор на новата влада. Претседателот Талат Џафери, влезе во речиси празната сала, па ги искара пратениците дека тој е на време, но нив ги нема. Тој претходно влезе во расправа со пратеничката Гордана Силјановска, која му забележа дека стартот на седницата се одолжил за еден …

Џафери ги искара пратениците за доцнење Read More »

Антоновска : Четири жени министерки е показатeл дека ни е потребна родова квота во извршната власт


Четири министерки ќе брои новата влада, на мандатарот Зоран Заев, за која денеска ќе расправа новиот парламентарен состав, а која треба да биде изгласана најдоцна до утре на полноќ. Процентуално тоа е околу 21 отсто, што секако не е задоволителна бројка, со оглед на тоа што жените се речиси педесет проценти од популацијата во Северна …

Антоновска : Четири жени министерки е показатeл дека ни е потребна родова квота во извршната власт Read More »

Приоритети на новата Влада – акцент на економијата, борбата против корупција, дигитализацијата и социјалната политика


Од идната недела Северна Македонија треба да има нова Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска ја закажа седницата на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев. Единаесетата македонска Влада треба да биде избрана најдоцна до утре на полноќ. Мандатарот Зоран Заев до Собранието во средата ја достави Програмата и предлог-составот …

Приоритети на новата Влада – акцент на економијата, борбата против корупција, дигитализацијата и социјалната политика Read More »

Правници и економисти доминираат во предложениот владин состав, најмладиот министер има 33 години


Правници и економисти доминираат во составот на новата Влада на мандатарот Зоран Заев, дипломиран економист и долгогодишен бизнисмен и поранешен градоначалник, кој ја вршеше премиерската функција и во изминатите три години. За спроведувањето на владината програма ќе бидат задолжени и електроинженер, архитект, новинар, специјалист хирург, специјалист по неврохирургија, специјалист по интерна медицина, дипломиран социјален работник. …

Правници и економисти доминираат во предложениот владин состав, најмладиот министер има 33 години Read More »

Собраниска седница за избор на нова влада на мандатарот Зоран Заев


Во Собранието денеска почнува седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот Зоран Заев. Откако пратениците ќе го разгледаат и дебатираат составот на единаесеттата влада, тој треба да биде изгласан најдоцна до утре на полноќ. За избор на владата е потребно просто мнозинство, односно 61 глас, а владината коалиција на СДСМ и другите партии …

Собраниска седница за избор на нова влада на мандатарот Зоран Заев Read More »