Манчевски на местото на Рашковски во Генералниот секретаријат на Владата?
Досегашниот министер за инфорамтичко општество и администрација Дамјан Манчевски, кој сега е избран за пратеник и не се враќа како член на владиниот кабинет, сепак, е можно да се врати во Владата како генерален секретар.
ТВ 21 повикувајќи се на неофицијални информации објави дека Манчевски ќе биде наследникот на Драги Рашковски, како генерален секретар на новата Влада. Во смс-порака до ТВ 21, Манчевски ниту ја потврдил, ниту ја демантирал информацијата, посочувајќи дека за генералниот секретар го избира Владата, на предлог на премиерот.