Апасиев го нарече Филипче „министер за задгробен живот“


Објаснувајќи ја партиската структура на новата Влада, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, во своето обраќање во Собранието рече дека во неа има двајца членови на ВМРО-ДПМНЕ. Иако не ги спомена директно по име со ресорите кои ги кажа јасно беше дека тоа се однесува на Никола Димитров и Венко Филипче.

Тој го нарече Никола Димитров „министер за ЕУ-фундаментализам“, а Венко Филипче „министер за задгробен живот“, кој, како што рече, „му беше советник на познатиот ’министер за смрт’“.

Апасиев уште рече дека „заевизмот е највисокиот стадиум на груевизмот“.

И покрај тоа што упати и други остри квалификативи за предложените членови на новата Влада, па дури и навреди, никој не се јави за реплика. Очигледно, парламентарното мнозинство усвојува тактика на игнорирање на неговите дискусии. (Н.В.)