Митрески: ВМРО-ДПМНЕ ја кочеше гасификацијата, сега е при крај


Кандидатот за пратеник и ко-носител на листа на СДСМ во Изборната единица 5, Јован Митрески денеска изјави дека градежната офанзива продолжува и покрај вонредните услови во државата поради КОВИД-19.

-Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата земја по европски пример. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. На овој начин и помагаме на економијата во многу важен период. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци, ги поврзуваме селата со градовите, се поврзуваме со соседите преку автопатите и отворањето гранични премини. Ги прошируваме капацитетите на меѓународните коридори за да ја подобриме економијата, се проширува патната и граничната инфраструктура на клучните премини Ќафасан и Деве Баир. Тоа е современа инфраструктура за современа економија, рече Митрески.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја кочеше гасификацијата, а сега се во завршница гасоводните магистрали. Глетката на фотоволтаични централи е секојдневна за секој граѓанин. Се менува и начинот на греење, земјава станува пример за енергетска ефикасност. Се инвестира и во пречистителни станици, за почисти реки, како и во колекторскиот систем ма Охрид за да се зачува Охридско Езеро кое ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Митрески, го доведе до работ на загрозено подрачје.

-Ова е сериозен, чесен и одговорен пристап, рече носителот на листѕа во ИЕ 5, Митрески.