Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје


Нормализиран е сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје, кај бензинската пумпа „Окта“. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот е нормализиран во 18:37 часот, а поради сообраќајна несреќа беше во прекин од 15:15 часот.

Врховен ја укина пресудата за новинарот Кежаровски


Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичниот и Апелацискиот суд за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење. Ова на својот Фејсбук профил го објави новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години. Предметот е е поврзан со убиството на […]

Сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје, сообраќајот пренасочен по стариот пат


Поради сообраќајна незгода што се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, кај бензинската пумпа „Окта“, сообраќајот од 15:15 часот се пренасочува по стариот пат, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Укинат куќниот притвор на Сашо Мијалков


Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, излегува од куќен притвор, одреден по предметот „Титаник 2“, по изрекувањето на пресудата. Поминаа 60 дена од изрекувањето мерка притвор, па судот одлучи да го прекине притворот и да му го одземе пасошот, но и да се јавува еднаш неделно во суд. „Заради зголемен интерес на медиумите ја […]

Се сослушуваат сведоци на судењето за „Монструм“


Во Кривичениот суд во Скопје на рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, денеска сведочеше Сенат Буши, сосед и пријател на Сами Љута. Сведокот беше испрашуван од Судијата Огнен Ставрев, обвинителката Фстиме Феатаи и од одбраната, а прашањата се однесуваа за свадбата на сведокот на […]

Тинејџери на мотор удриле во малолетник


Во неделата, во 21.45 часот во близина на влезот за село Тркање, кочанско, мопед „Априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од село Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од истото село. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска […]

Ново рочиште за „Монструм“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата […]

Нападнат возач на ЈСП кај ТЦ ,,Бисер“


Возач на ЈСП доцна синоќа бил физички нападнат од две лица додека управувал автобус пред Трговски центар ,,Бисер”. Случајот го пријавил во СВР Скопје, во 23:35 часот. Како што соопшти полицијата, станува збор за Б.Д. (42) од село Раштак, Скопско, вработен во ЈСП Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

„Црната точка“ во Влае се заканува со нови жртви


Неколку години откако камион прегази дванаесетгодишно девојче кое почина на самото место на крстосницата на улиците „Адолф Циборовски“, која сега е преименувана во „Војвода Васил Чакаларов“, и улицата „Ангел Динев“, кои се наоѓаат меѓу скопските населби Хром и Влае, завчера на истото место автомобил „југо“ прегази една година помало девојче кое заврши со тешки повреди. […]

Судскиот совет заседава за одземање на имунитетот на судијата од Управниот суд


Судскиот совет попладнево на итна затворена седница одлучува за имунитетот на судија од Управниот суд, кој е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација, како и по барање за одобрување на негов притвор. Судијата се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара од судија на претходна постапка да […]

Татко си го зел едногодишното дете од градинка со гребаници


Во четвртокот, во 12.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клинки „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено едногодишно дете. И.С.(34), татко на детето, пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот, откако ја зел неговата едногодишна ќерка од градинка во населба Ченто, забележал дека имала гребаница на лицето, очите и ушите и […]

За 1.600 евра омажиле девојче


Наредба за истрага за две лица за кривично дело – трговија со дете По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведена е истражна постапка против две лица, македонски државјани, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – трговија со дете. -Во текот на месец […]

Судијата од Управниот суд се повикал на судиски имунитет по барањето на Обвинителството да му биде одреден притвор


Судијата од Управниот суд, осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација, се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството за организиран криминал и корупција побара од судија на претходна постапка да му одреди притвор, информираат од Кривичниот суд. -До судија на претходна постапа при Основниот суд Скопје 1 – Скопје од Обвинителството за гонење […]

Кривичен суд: Пресудата за „Титаник 2“ е доставена до осудените


Пресудата за „Титаник 2“ е доставена до осудените лица, кои по приемот имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 до Апелациониот суд во Скопје, информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје. – Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека пресудата за предметот […]

Девојче удрено од автомобил на пешачки премин


Во четвртокот, во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче. Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна […]

Исчезна маж од дебарското село Могорче


Пријавен е за исчезнат повозрсен жител од дебарското село Могорче. Неговото исчезнување вчера наутро го пријавил неговиот син. -Вчера во Полициската станица во Дебар, А.М.(35) од Дебар пријавил дека неговиот татко И.М.(77), кој живеел во селото Могорче, се оддалечил од домот. Полициската станица од Дебар презема мерки за пронаоѓање на лицето, изјави Стефан Димоски, портпарол […]

Повредени две лица во тепачка пред хотел во Стар Дојран


Едно лице се здобило со убодни рани од нож, а уште едно било повредено во тепачка што се случила викендот пред хотел во Стар Дојран. Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, во тепачката во која учествувале повеќе лица и бил употребен и нож, со убодни рани по телото се здобил З.М (45) од Скопје, […]

Видео од акцијата за спасување давеник од водите на Вардар


Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфа“, претпладнево беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје. Мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар во близина на Камениот мост и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи. Двајца припадници на „алфите“ влегоа за […]

Студеничани: Жена си го убила мажот со секира


Педесетгодишна жена од скопско Студеничани со секира го убила својот сопруг. Убиството се случи вчера во дворот од нивната семејна куќа. Таа е уапсена и побаран е едномесечен притвор, соопштио Основното јавно обвинителство. „Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. […]

Удрил старица со автомобил во Скопје и избегал


  Жена на возраст од 70 години била повреден, откако непознато лице ја прегазило со автомобил на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во средата. Околу 20.55 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена З.Н.(70). Полициски службеници извршиле разговор со неа, […]