Тинејџерка со исеченици по расправија со друга девојка за момче


Во средата, во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ била донесена 17 – годишна девојка од село Средно Коњари, скопско, со исеченици по левата рака и нога.
Девојката со исечениците се здобила по расправија за момче со друга девојка со иницијали Н.Н. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.