Се пукало во Тетово


 
На семејна веселба во Тетово, гостиварец пукал од огнено оружје, па полицијата го привела.
Имено, ноќеска во 4.40 часот вo Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека на семејна веселба во двор од куќа на улица „ЈНА“ во Гостивар имало пукање со огнено оружје.
Полициски службеници излегле на местото и од слобода го лишиле Д.Ј.(35) од Гостивар, за кого постои сомнение дека пукал и од него било одземено оружјето и пет куршуми.
Д.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.