(Фото) Драма во Карпош: Пожарникарите спасуваа човек на 17 кат


Силен пожар избувна утрово во една од трите кули во скопската населба Карпош. Гореше во стан на 17 кат. Очевидци сведочат за драматично спасување на сопственикот, кој се засолнил на балконот додека густиот чад се доближуваѓе кон него.

„Бараше помош, викаше на сиот глас, а не можеш ништо да сториш, немоќ“, раскажуваат соседите.

Набргу пристигнаа и четири возила на Противпожарната служба. Дојде и специјално возило со скала, но пожарникарите успеаја да влезат во станот и да го извлечат човекот, кој покажуваше знаци на живот. Беше пренесен со возило на Итната помош.

Станарите од зградата и натаму се евакуираат. Причините за пожарот не се познати, но се шпеулира дека е во прашање експлозија на плинска боца. (Н.К.)