(ВИДЕО) Пумпач на “Макпетрол” самиот спречи пожар и експлозија!


Во центарот на Скопје, на бензинската пумпа која се наоѓа наспроти соборниот храм избувнал пожар, по што се вклучиле алармите и сите од околината побегнале. Поради опасноста од експлозија, полицијата го блокираше пристапот на булеварите Партизанска и Илинденска.

Додека сите побегнале еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол”,  извлекол апарат и го изгаснал огнот.

,,Додека сите избегаа еден од вработените на бензинската пумпа на “Макпетрол” самиот извлече против пожарни апарати и го гаснеше огнот кој избувна на бензинската. За малку, самиот спречи катастрофа. Кога дојдоа пожарникарите, нивниот командир го побара храбриот пумпач и му честита”. сведочи за Лидер граѓанин кој бил на лице место.