Видео од сообраќајката кај Плетвар во која се повредени две лица


Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар. Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.

Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9:50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил. Повредените не се во животна опасност.

Видео од сообраќајката објави 1ТВ.