Прегазени двајца пешаци


Во две одделни сообраќајни незгоди, со автомобили удрени се двајца пешаци, кои со тешки повреди завршија во болница.
Вчера во 21.40 часот на локалниот пат во село Слупчане, општина Липково, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.Р.(56) од село Ваксинце, удрило во пешакот М.И.(51) од село Слупчане.
Притоа, М.И. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Вчера во 23.20 часот во село Пепелиште, неготинско, патничко возило „Ауди“, управувано од К.Д.(18) од село Пепелиште, удрило во пешакот С.А.(20) од село Пепелиште.
Притоа, С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот дом во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.