Возило излетало од патот Могила-Будаково, повредени пет лица


СВР-Битола соопшти дека синоќа во 21:20 часот било пријавено дека на патот Могила-Будаково пред селото Радобор се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку државјани на Република Турција. Во сообраќајката учествувал патничко возило „форд галакси“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (44) од село Канатларци, Прилепско излетало од патот и притоа во незгодата со […]

(ВИДЕО) Македонец загина во сообраќајка во Хрватска


Еден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска во 12 часот и 35 минути на автопатот А3 во Хрватска, јавија локалните медиуми. Според Индекс.хр, се судриле македонски камион и автобус од Босна и Херцеговина. Сисачко-мославачката полиција соопштила дека во несреќата загинал возачот на камионот, кој бил македонски државјанин. Во автобусот полесно се […]

Десет лица осомничени за фалсификување документи за потрошувачки кредити


Отворена е истражна постапка за десет лица осомничени дека со фалсификување документи за потрошувачки кредити ја оштетите прилепската филијала на Комерцијална банка ад Скопје. На седум лица им е одреден притвро, а за тројца се изречени мерки на претпазливост. Јавното обвинителство вечерва соопшти дека десет лица се опфатени со наредби за поведување истражни постапки донесени […]

Нема повредени патници во автобусот што се запали на ГП „Табановце“


Лекарите од Итна Медицинска помош од Куманово пружиле помош на една патничка од приближно седумдесетте од автобусот кој се запали попладне на Граничниот премин Табановце. – Жената беше видно вознемирена, потресена, доживеала стрес, и пруживме терапија, немаше други патници кои се здобиле со повреди, информираат од кумановската Итна Помош. Патниците во автобусот кој од засега […]

Загинатите во несреќата во Чаир се браќа


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид на местото во општина Чаир каде денеска две лица починаа при вршење ископ. -Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата „Ресенска“ со цел поставување на одводна канализација. Четири […]

Се запали автобус на граничен премин „Табановце“


Автобус со новосадски регистарски ознаки се запалил на Граничниот премин Табановце попладнево околу 16 часот, потврдија од СВР Куманово. Патниците веднаш биле евакуирани, а на терен пристигнала и противпожарната единица од Куманово Не се познати причините за опожарувањето на автобусот. Екипи на територијалната противпожарна единица Куманово со две возила успеале да го изгасат пожарот. – […]

Сообраќајна несреќа на патот Крива Паланка – Куманово


Сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило и автобус се случила попладнево на патот Крива Паланка -Куманово кај месноста Руловица, Кривопаланечко, потврдија од  СВР Куманово. Во несреќата, според првичните информаци од полицијата, нема жртви. Од АМСМ информираат дека поради несреќата, сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај месноста Руловица, од 18 : 40 часот […]

Пино е убиен во Арачиново, телото пренесено во Љуботен


Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за убиство на Пинета Секондо, кој од декември минатата година е пријавен за исчезнат. Јавниот обвинител побарал притвор против осомниченото лице. Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик го сторил на […]

Исчезнатиот Пино е пронајден мртов во атарот на Љуботен


Момчето кое исчезна во почетокот на декември минатата година, пронајден е мртов. Станува збор за Пинета Секондо-Пинов. Од МВР тврдат дека го расветлило случајот, се работи за убиство. Телото е најдено на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пред еден месец, а сега е утврден неговиот идентитет. ,,На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал […]

Основниот кривичен суд одреди куќен притвор за тројца од обвинетите за нападот во Собранието на 27 април


Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје на двајца од обвинетите за нападот во Собранието на 27 април 2017 година мерката притвор им ја замени со мерка куќен притвор, а на еден од обвинетите мерката куќен притвор му ја продолжи за 30 дена. – Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, а во однос на […]

Автобус на ЈСП излета од пат, патници пренесени на Ургентен


Во 18,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Долна Матка-Горна Матка автобус „Јутонг“ на ЈСП, управуван од 55-годишниот М.Б. од Скопје излетал надвор од коловозот. Во незгодата со повреди се здобиле патниците М.И.(59), С.И.(31) и А.Х.(22) сите од Матка-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид […]

Паднал од велосипед и починал


Во четвртокот, во 15.20 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Љ.А.(68) од Скопје со повреди здобиени од пад од велосипед што го управувал во населбата Шуто Оризари. Подоцна, тој им подлегнал на повредите. На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од […]

Синот на Митко Јанчев тешко повреден во сообраќајка


Синот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила во Кавадарци. Според информациите до кои дојдовме, четиринаесетгодишното момче се возело на моторцикл. По несреќата, итно е префрлен во болница. Наскоро подетални информации за несреќата. Митко Јанчев е сопственик на „Кожувчанка“, а до пред неколку месеци беше потпретседател на […]

Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово


Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово”. Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба. Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село […]

Змија се пикнала во креветот на кавадарчанка и ја каснала пред спиење


Змија се пикнала во креветот на жителка на Кавадарци и ја каснала  пред спиење, додека 64 годишен маж од кавадаречко село исто така побарал медицинска помош поради змиско каснување. Првиот случај бил од пред околу две седмици, а вториот бил регистриран во вторникот изутрина околу осум часот. Оваа информација за МИА ја потврди Драган Димитров, […]

Намален бројот на осудени и обвинети, а зголемен на пријавени лица во 2018 година


Лани во споредба со 2017 година бројот на осудените полнолетни лица е намален за 6,6 отсто, а на обвинетите лица е намален за 8,1 отсто, информираат од Државниот завод за статистика. Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела во 2018 година пак е намален за 4,15 отсто во споредба со […]

Нови рочишта за „Тревник“ и „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тревник“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, […]

Ученички од Скопје на екскурзија зеле екстази, завршиле на Токсикологија


Вчера во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје. По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат […]

Апелација му го укина притворот на Груевски за уривањето на „Космос“


Апелациониот суд по поднесена жалба му го укинал притворот на екс премиерот Никола Груевски, одреден за судскиот случај „ТНТ“, односно за рушењето на „Космос“, пренесе 1ТВ. Ова на денешното судско рочиште го откри обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, кој од судечкиот совет побара на обвинетиот Груевски повторно да му биде одреден притвор. – Повторно бараме […]

Сообраќајка кај Собрание, повреден мотоциклист


Мотоциклист е повреден во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски“ во Скопје. Повреденото лице е однесено во Градската болница, а полицијата е на местото на сообраќајката и врши увид.