Двајца моторџии настрадаа во сообраќајки


Во две одделни сообраќајни незгоди, настрадаа двајца возачи на мотор, и тоа 15-годишно момче кое паднало од моторот и 36-годишен маж кој се судрил со автомобил.

Во средата во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од Скопје, и моторцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.М.(20) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Ноќеска пак, во 2.45 часот било пријавено дека во Гостивар на улицата „Илинденска“ 15-годишно момче од с.Вруток-гостиварско управувајќи мопед „Лонјиа“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднало на коловозот, при што се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.