Се степале вработени во „Паркови и зеленило“


 
Во вторникот, во ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје колеги нападнале и тепале нивни колега, соопшти МВР.
Имено,  околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ на ул. „Орце Николов“, по претходна вербална расправија, четири лица – вработени во претпријатието физички го нападнале нивниот колега С.Г.(46) од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.