Почина маж пригмечен од неговиот камион


Фото: Б.Грданоски

Во неделата, во 12.30 часот било пријавено дека во село Скудриње, починал И.Е.(57) од село Скудриње откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.