Пронајден мртов 38-годишен маж, самоубиство во Карпош?

Фото: Б. Грданоски
Основното јавно обвинителство изврши увид на местото во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж.

„Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил. Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице“, соопшти ОЈО.

Дел од медиумите јавуваат дека станува збор за самоубиство.