Судар со велосипеди, повредена скопјанка


Фото: Б.Грданоски

Жена од Скопје била повредена откако во средата возејќи велосипед се судрила со дете кое, исто така, возело велосипед.

Имено, во средата, во 17.15 часот во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Е.С.(37) од Скопје, која, според пријавеното се здобила со повреди откако управувајќи велосипед удрила во друг велосипед, управуван од 11-годишен малолетник, на локалниот пат село Долно Лисиче-село Горно Лисиче. Се работи на расчистување на случајот.