Голема полициска акција во Љуботен – граѓаните исплашени


Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени. Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат. Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните […]

Мажот ја убил сопругата во Битола, па си пресудил сам


  По вчерашната информација дека во стан во Битола се најдени две мртви тела, денеска полицијата соопшти дека по расправија, мажот ја убил сопругата, а потоа се самоубил. Имено, во неделата во 14.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола С.Ѓ. (62) по претходна расправија извршил убиство […]

Државни службеници точеле гориво за своите возила со службени картички


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49) од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта. Пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица – вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ […]

Немало гинеколошки компликации кај починатата родилка од Охрид


Исклучена е гинеколошка компликација кај родилката од Охрид, која пред неколку дена почина на скопските клиники. Ова го соопшти денеска Јавната здравствена установа Општа болница Охрид по направената мултидисциплинарна ревизија на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. – На 11 јуни во 4 часот на Гинеколошкото одделение во Охрид примена е пациентка прворотка со […]

Градоначалникот на Чачак фати разбојник дома


Во семејната куќа на градоначалникот на Чачак Милун Тодоровиќ во соседна Србија, рано утрово влегол повеќекратен разбојник. „Околу 4 часот утрово ме разбуди сопругата, која ми рече дека нешто тропа во приземјето. Мислев дека е промаја и дека тропа некој прозорец, но штом дојдов на скалите слушнав превртување работи и дишење на човек’. вели за […]

Почина маж пригмечен од неговиот камион


Во неделата, во 12.30 часот било пријавено дека во село Скудриње, починал И.Е.(57) од село Скудриње откако бил поклопен од камион „Там“ (негова сопственост) кој се придвижил откако претходно тој го паркирал со намера да истовари стока во касапница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен […]

Монструм: Додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши


Двајца сведоци за случајот „Монструм“ не беа спроведени во Кривичниот суд, а полицијата не го известила судот зошто не се спроведени, па рочиштето се одложи. Ова предизвика револт кај родителите на убиените момчиња кои станаа и почнаа да викаат дека судството и полицијата се несериозни и случајот постојано се одолговлекува. Горан Наќевски, татко на убиениот […]

Притвор за велешанец кој со нож се заканувал на нотар


    Велешанец доби осумдневен притвор бидејќи во неколку наврати преку социјална мрежа упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци, а на 21-ви овој месец и лично отишол во канцеларијата на нотарот и му се заканил со нож. -Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое […]

Маж и жена пронајдени починати во стан во Битола


Маж и жена попладнево се пронајдени починати во стан во Битола. Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител изврши увид во  стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.   -Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена […]

Психолози, биотехничари, економисти ќе го решаваат сообраќајот


Додека луѓето гинат по улиците, а бројот на жртвите во летниот период се зголемува, новиот состав на советодавното тело за унапредувањето на безбедноста во сообраќајот уште официјално нема почнато со работа. Одлуката за разрешување на старите членови и именувањето нови беше објавена во „Службен весник“ на 28 мај, пред речиси еден месец. Според последните информации […]

Притвор за камионџијата за сообраќајката на обиколница


Скопското обвинителство побара, а судија на претходна постапка му одреди осумдневен притвор на возачот на камионот и го сомнични дека ја предизвикал сообраќајката во која загина сопатник во автомобил „БМВ“ и еден полицаец. Камионџијата се гони за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според обвинителството, вчера попладне кога се […]

Убиениот струмичанец бил продавач на девизи, со себе носел 26.000 евра


Педесет и двегодишен жител на струмичкото село Добрејци е осомничен за убиството на Ристо Илјашев (57) од Струмица, кој од 7-ми минатиот месец се водеше како исчезнат, а неговото тело беше најдено завчера во метално буре во близина на браната „Турија“. Хризантема Рендевска, портапролка на СВР Струмица на денешната прес-конференција информираше дека по извршената обдукција […]

Потешко повреден во сообраќајката кај обиколницата во стабилна состојба


Во Ургентниот хирушки центар во текот на вчерашниот ден се донесени тројца пациенти повредени во сообраќајката кај обиколницата од кои еден со полесни повреди, а двајца со животозагрозувачки повреди. Едниот од потешко повредените бил полицаец, кој синоќа им подлегна на повредите, другиот потешко повреден е цивил и е во Единицата за интензивно лекување при КАРИЛ. Полесно повредениот […]

Извршен увид на местото на сообраќајката на скопската обиколница


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која попладнево едно лице го загуби животот, а три се повредени, меѓу нив и двајца полициски службеници. -Според првичните сознанија, несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички кое […]

Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани, едно лице загина


Во тешка сообраќајна нереќа што се случи околу 18:15 часот во близина на Кочани најмалку едно лице загина, а има и тешко повредени. Според првичните сознанија до несреќата дошло на обиколницата околу Кочани, при што директно се судриле патничко возило и камион цистерна, а загинатиот се наоѓал во возилото. Од ударот цистерната излетала и се […]

Шест години казна затвор за Бобан Илиќ за прегазувањето на малиот Алмир


Основниот суд Куманово, денеска изрече идентични казни за обвинетите во случајот „Алмир Алиу“, при повторената постапка откако Апелација го врати случајот во Кумановскиот суд. Како и претходно, Бобан Илиќ доби шест години затвор за кривично дело „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека останатите Седат Алиу за „насилство“ шест месеци, а […]

Мртов маж најден кај браната Турија


Вчера во попладневните часови во близина на браната Турија кај Струмица е пронајдено безживотно машко тело, информира портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска. – Извршен е увид на местото каде е пронајдено телото од страна на екипи на СВР Струмица и ОЈО Струмица и по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во […]

Пронајден мртов 38-годишен маж, самоубиство во Карпош?


Основното јавно обвинителство изврши увид на местото во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж. „Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и […]

Судар со велосипеди, повредена скопјанка


Жена од Скопје била повредена откако во средата возејќи велосипед се судрила со дете кое, исто така, возело велосипед. Имено, во средата, во 17.15 часот во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Е.С.(37) од Скопје, која, според пријавеното се здобила со повреди откако управувајќи велосипед […]

Сеад Кочан за триесетина дена треба да оди во затвор


Бизнсименот Сеад Кочан кој е осуден на четири години и осум месеци затвор во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство доби упатен акт и на 17 јули, односно за триесетина дена, треба да оди во затвор. „Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како […]