Уапсен Боки 13


Сопственикот на „1ТВ“ Бојан Јовановски познат како Боки 13 пред малку е уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје, јавуваат неколку медиуми.

Наводно Боки 13 е уапсен поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граница.

Обвинителката Вилма Русковска за МИА потврди дека Јовановски е задржан на граница, а повеќе детали ќе бидат соопштени попладнево на прес-конференција во ЈОРМ во 16:30 часот.

Приведен е и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. Тој е близок со поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков. Тој е уапсен во еден скопски ресторан, пишува Фактор.