Шеесетгодишен скопјанец излета од патот и загина


Шеесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 14.35 часот на локалниот пат од Илинден кон Ајватовци. Според полицијата, В.Д. (60), управувајќи автомобил „форд фокус“, во еден момент изгубил контрола врз возилото, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид.

Возачот починал на самото место. Се испитуваат причините за несреќата.