Моторџија настрада во сообраќајка во прилепско


Во понеделникот, во 9.15 часот на крстосница од улиците „Филип Втори“ и „Гоце Делчев“ во село Кривогаштани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(59) од село Кривогаштани и мотоцикл „Јујинг“ без регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(17) од село Свето Митрани, прилепско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Ф.Н. и бил пренесен во Градското болница во Прилеп. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.