Скопјанец загина откако со автомобил удри во комбе


Фото: Б. Грданоски
Вчера попладне околу 15 часот, во околината на Охрид се случила сообраќајна несреќа, во која животот го загубил 55-годишен скопјанец.
Во четвртокот околу 15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу село Ботун и село Климештани, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид.
Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид“, соопштија од МВР.