Ауди излета од автопатот кај Миладиновци, возачот во болница


Синоќа околу 22 часот на автопатот Скопје-Куманово, во близина на наплатна станица Миладиновци, Г.П.(35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Ауди“ со бугарска национална ознака, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.П. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.