ОЈО за организирана криминал и корупција ќе спроведе истрага за злоупотреба на средства од ЕУ
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ќе спроведе истрага против четири лица, од кои три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница. Од нив едно лице, кое е првоосомничено се товари и за продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување. …