Во близина на село Крупиште пронајдени 13 мигранти од Авганистан

Во близина на селото Крупиште во општина Карбинци откриени се 13 мигранти од Авганистан.

МВР денеска соопшти дека мигрантите се забележани во 21:15 часот и оти се работи на расчистување на случајот.