Свеста на ниско ниво, за 24 часа санкционирани 983 граѓани за неносење маска


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци, соопшти МВР.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.