Полицаец од Куманово приведен за примање поткуп од 2.000 евра


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за
економски криминал и корупција денеска околу 18 часот во
Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење
на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, и злоупотреба на службената положба и овластување.

И.С.од правно лице од Куманово пбарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери.

Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности. Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2.000 евра, а откако ги зел парите И.С. бил приведен.