(Фото/Видео) Се запали камион кај Автокоманда


Попладнево на влезот во Скопје се запалил камион. Наши читетели ни испратија видео и фотографии од камионот во пламен. Од него се издига густ чад.  Во близина на хотелот „Континентал“ во Автокоманда попладнево е запалено товарно возило. На терен интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а сообраќајот е отежнат за излез од Скопје. Од […]

Вработена во Центарот за социјални работи во Кавадарци обвинета за фалсификување исправи


Основното јавно обвинителство – Кавадарци до надлежниот суд поднело предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во кавадаречкиот Центар за социјална работа, која се товари дека сторила кривично дело „фалсификување службена исправа“ од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице – член на […]

На млада гостинка во хотел во Чаир и се слошило, починала во Клинички центар


На млада 27-годишна жена која престојувала во хотел во скопски Чаир синоќа и се слошило поради што била повикана Инта помош која и укажала медицинска помош и ја транспортирала до Клиничкиот центар каде починала. Како што информираат од МВР, синоќа во 0:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека од хотел […]

Повредени три лица во сообраќајка во центарот на Скопје


Три лица се повредени, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа  околу четири часот изутрината на крстосница од булеварите „Партизански одреди и „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Несреќата се случила помеѓу патнички моторни возила со скопски регистерски таблички  „мерцедес“ управувано од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и  „пежо“ управувано […]

Почина затвореник од „Идризово“


 Вработен во Затвор Идризово вчера во 7:17 часот во СВР Скопје пријавил дека осуденикот Џ.И.(63) од Тетово починал во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од 29 октомври годинава бил на болничко лекување, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина-Скопје.

Сообраќајка на влезот во Македонска Каменица


Поради сообраќајна несреќа помеѓу две возила што се случила вечерва во прекин е сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Македонска Каменица. Увид на местото на настанот вршат екипи на сообраќајната полиција од каде информираат дека несреќата е резултат на судир помеѓу две возила кои се движеле во спротивен правец. На местото на несреќата поставена […]

Во две возила фатени дрвокрадци во Ресенско


Вчера во атарот на село Болно кај месноста Речиште, полицијата од Ресе одзеде возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и без документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А.М. (19) од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без […]

Опожарено „бе-ем-ве“ во Куманово


 Автомобил „бе-ем-ве“ бил опожарен вчера, а пожарот го гасела противпожарна единица, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи, Куманово. Според информациите на Центарот, територијалната противпожарна единица интервенирала на опожарен автомобил на булеварот „Октомвриска револуција“ со едно противпожарно возило и пет пожарникари. СВР Куманово ја потврди информацијата и информираше дека во 04:50 часот во СВР […]

Запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“


 Две лица ја запалиле канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода. Како што посочи МВР, директорот А.Ф. (36) пријавил дека по претходна расправија, од страна на Н. Ј. поранешен вработен во домот и уште едно лице била фрлена запалива течност, при што настанал пожар. Од МВР велат дека нема повредени до […]

(Видео) Претреси во Скопје, пронајдени оружје и муниција, приведени четири лица


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, вчера во содејство со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, истовремено извршија претреси на шест локации во домови на лица осомничени за кривични дела „убиство“ и „предизвикување општа опасност“, при што од слобода се лишени четири лица И.А.(31), […]

Уапсен жител на Корча кој шверцувал гориво од Северна Македонија


Албанската полиција, по едномесечна истрага, уапсила жител на Корча, под обвинение за шверц на гориво преку граничниот премин Горица-Стење, на албанско-македонската граница кај Ресен. -Од целокупноста на истражните дејствија, произлезе дека државјанинот Д.Ф.(54) со возило од марка „мерцедес“, чиј резервоар го модифицирал и зголемил, од Македонија преку граничниот премин Горица шверцувал значителна количина нафта. Шверцуваната нафта, ја […]

Полицијата вчера открила 26 возила со неисправни уреди за кочење


 Во текот на вчерашниот ден во периодот од 9 до 14 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата констатирани се 51 прекршок, од кои 26 поради неисправен уред за запирање…, соопшти Министерството за внатрешни […]

Малолетна скопјанка нападната од друга малолетничка во Ѓорче Петров


Повторно регистриран физички напад меѓу малолетници во Скопје. Имено, вчера (09.11.2022) во 18.30 часот, во Полициската станица Ѓорче Петров, 51-годишен скопјанец, пријавил дека претходно на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната неговата малолетна ќерка, од страна на друга малолетничка, информираат од Министерството за внатрешни работи. На физичкиот напад му претходело нивно меѓусебно недоразбирање. Полицијата […]

Едно лице загина, а пет се повредени во сообраќајка кај Св. Ерaзмо


Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 17 часот на патниот правец Охрид – Струга, кај Св. Ерзамо. Во несреќата како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, учествувале три возила, пренесе Охридњус. Дознаваат дека во незгодата животот го загубило едно лице, а четири се здобиле со повреди. На местото на настанот во тек […]

Акција во Скопје, пронајдени оружје, муниција, дронови


 Полициски службеници од СВР Скопје денеска заедно со припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ реализираа голема акција во Скопје. Во акцијата, како што информираат од полицијата, се лишени неколку криминалци осомничени за тешки кривични дела. При претресите во нивните домови биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела. Повеќе информации […]

Два питбула искасале скопјанец


Тешко повреден 77-годишник од Скопје откако го нападнале кучиња од расата питбул, кои биле придружувани од сопственикот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 08.11.2022 околу 11.30 часот во СВР Скопје. Инцидентот се случил на ул.„Франце Прешерн” во Скопје, на кејот на реката Вардар. -Две кучиња од расата питбул, со сопственик, го […]

Повреден малолетник од Гостивар


Шестнаесетгодишник од Гостивар вчера бил повреден откако врз него паднале метални предмети (арматурни шипки). Тој поминувал покрај објектот, кој бил во градба. Како што информира МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово. Според пријавата, од објект во изградба на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, сопственост на 65-годишниот Х.А. од гостиварски Вруток, паднале метални предмети (арматурни […]

Три деца и еден 18-годишник нападнале возач на ЈСП


Нападнат возач на ЈСП Скопје, стои во полицискиот билтен на МВР. Четири лица, според информациите на полицијата, го нападнале возачот на автобуска станица на подрачјето на Чаир, во автобус со број 47 А. Од четворицата напаѓачи тројца се деца, а четвртиот има само 18 години, а е со иницијали О. М., сите од селото Љуботен, […]

Изречени 24 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици


МВР денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.   При контролата констатирани се 24 сообраќајни прекршоци. Од нив три санкции за некористење сигурносен појас, една мерка за возење […]

Камчев излегол на слобода


Бизнисменот Орце Камчев пред неколку дена излегол на слобода, односно повеќе нема обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга. Тој неодамна побарал спојување на двете затворски казни кои требаше да ги издржи, при што беше осуден на една година затвор за „Империја“ и исто толкава казна  за Плацеви на Водно“. Така, наместо […]