Тешка сообраќајка во центарот на градот


Тешка сообраќајка се случи во центарот на градот попладнево во близина на Соборниот храм. БМВ со скопски регистарски таблички удрило во столб во бизнис центарот близу раскрсницата кај Соборниот храм, а засега нема информации за повредени. Полицијата е на терен.

Приведено лице од Арачиново, се заканувал на вработени во интернет портал


Полициски службеници од Одделение за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода во Скопје синоќа го лишиле од слобода Ш.М.(31) од селото Арачиново, скопско. Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 1-ви декември по електронски пат испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска […]

Во Кочани украле болничко возило, полицијата го пронајде по пет часа


  Пет часа успеаја крадците да го кријат украденото болничко возило од болницата во Кочани пред да бидат пронајдени од полцијата. Според она што го јавува кочанскиот портал „Актуелности“, крадците по сѐ изгледа го украле возилото од забава, да лудуваат по улиците, возеле во спротивен правец по еднонасочните улици. Полицијата го пронајде возилото, но не […]

Германија запленила 2.100 лажни часовници наменети за Македонија


Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Северна Македонија се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград.. По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг. Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле транспортирани […]

Стоилковски тврди: Криминалци избркале полицајци од полициска станица во Арачиново


Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле избркани од полициско одделение. Спасовски и МВР се обидуваат да забошотат и премолчат случајот, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него станува збор за вооружени лица блиски до власта, вкои легле со закани во полициското одделение во Арачиново, а четворица полицајци […]

Се запали возило на Министерството за култура


Вчера, во 12.58 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на 29.11.2022 околу 22.30 часот на ул.„Никола Мартиновски“ настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за култура, соопшти МВР. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Малолетник нападнат во близина на трговски центар во Аерородром


Скопјанка на возраст од 43-години пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат. Имено, според соопштението на МВР, скопјанката случајот го пријавила вчера во Полициската станица Аеродром. Пријавила оти на 16.11.2022 околу 20.45 часот, во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром – Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се […]

Пожар во продажен објект во Скопје


Вчера (29.11.2022) во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот настанал пожар во продажен објект на ул.„Киро Глигоров“, при што бил опожарен предниот дел од објектот, информираат од Министерството за внатрешни работи. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Обвинет скопјанец кој нападнал учесник на Парадата на гордоста, за насилство сторено од омраза


Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 33-годишен скопјанец кој се товари за кривично дело „насилство“. -На 29.06.2019 година, обвинетиот во група со повеќе други засега неидентификувани лица, извршиле малтретирање, грубо навредување и грубо насилство врз едно лице. Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот […]

Денес пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Близу четири месеци од првото рочиште од судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје, во Основниот Кривичен суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот во кој се обвинети Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Во овој процес, Основното јавно обвинителство – […]

Малолетничка од Скопје со остар предмет ја нападнала својата мајка


Вчера (28.11.2022), во Полициската станица Аеродром било пријавено дека малолетничка од Скопје, со остар предмет ја нападнала својата мајка.  Деталите за случајот ги соопшти Министерството за внатрешни работи. -На 28.11.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека околу 18.30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар […]

Во штипската модуларна болница украдени 20 до 30 метри бакарни цевки


Украдени се бакарни цевки во должина од 20 до 30 метри во модуларната болница, во кругот на Клиничка болница-Штип. Кражбата се случила пред неколку денови за што потврдува и портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. Кражбата во Полициската станица-Штип е пријавена на 25 ноември, кога вработен во болницата забележал дека вратата на модуларната болница е […]

Продолжува судењето за случајот „Софтвери“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето „Софтвери“ во кое поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, заедно со уште шест лица се терети за нелегалната набавка на софтвер. Обвинителството на денешното рочиште продолжи со изведување на докази во кои образложи дел од комуникацијта меѓу обвинетите која се однесува на набавката на софтверот, а […]

Двајца малолетници од Тетовско украле „ситроен“


Во Тетово вчера во 9.30 часот на улица „Илинденска“ полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родителите и службено лице од Центарот за социјални работи Тетово, лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и од тетовско Копанце. Двете лица, информираа денеска од МВР, половина час пред тоа на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, одзеле […]

Тешко повредена жена пешак во сообраќајка во Тетово


Во сообраќајка во Тетово, тешко повредена е 32-годишна жена, која е однесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на здравствената состојба. Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот и 15 минути на булеварот „Маршал Тито“. – Во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „пежо 607“ со гостиварски […]

Тешка сообраќајка кај пехчевското село Црник, четири лица повредени


  Четири лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик. Несреќата се случила околу 18:00 часот помеѓу фиат пунто и хјундаи галопер, а веднаш по дојавата интервенирала единицата на Територијалната противпожарна единица од Берово. -Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило […]

Донесено починато неколкумесечно бебе во Клиничката болница Битола


Вчера наутро, во 8.40 часот, во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми. Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле […]

Гостиварец си ги тепал сестрата и внукот


Маж од Гостивар, на возраст од 4а година, е лишен од слобода, бидејќи е пријавен од страна на неговата 42-годишна сестра, дека физички ја нападнал и ја повредил неа и нејзиниот малолетен син, информираат од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар. -На 27.11.2022 околу 04.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение […]

Пет лица повредени во сообраќајката на патот Пробиштип-Кратово


Пет лица се повредени во сообраќјната несреќа, која се случи околу 12.20 часот кај местото викано Перово долче на патот Пробиштип-Кратово. Според првичните информации од СВР-Штип, едно возило излетало од коловозот, во кое се превезувале пет лица, од нив четворица се хоспитализирани во Кратово, а едно лице во болницата во Куманово. Увидот од страна на […]