Гостиварец си ги тепал сестрата и внукот


Маж од Гостивар, на возраст од 4а година, е лишен од слобода, бидејќи е пријавен од страна на неговата 42-годишна сестра, дека физички ја нападнал и ја повредил неа и нејзиниот малолетен син, информираат од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар.

-На 27.11.2022 околу 04.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода М.Х.(41) од Гостивар, кој претходно бил пријавен од неговата 42-годишна сестра дека физички ја нападнал и повредил неа и нејзиниот малолетен син. Според пријавеното, М.Х. во нападот користел и остар предмет – се наведува во соопштението.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.