Во Кочани украле болничко возило, полицијата го пронајде по пет часа


Фото: Актуелности.мк

 

Пет часа успеаја крадците да го кријат украденото болничко возило од болницата во Кочани пред да бидат пронајдени од полцијата. Според она што го јавува кочанскиот портал „Актуелности“, крадците по сѐ изгледа го украле возилото од забава, да лудуваат по улиците, возеле во спротивен правец по еднонасочните улици. Полицијата го пронајде возилото, но не и крадците.

Кражбата на возилото од болничкиот круг ја пријавил вработен во болницата околу 3.30 часот по полноќ.

Венаш полицијата тргнала во потера врз основа на добиени информации  и утрово го пронашла возилото оставено на улицата „Кирил и Методиј”. Кога крадците разбрале дека полицијата е блиску во нејзината потера го оставиле возилото и побегнале.