Штипјанец фрлал предмети кон куќата на сограѓанка


Во вторникот,  полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.М.(61) од Штип, затоа што ден претходно, во 22.40 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип агресивно се однесувал кон 64 – годишна жена, ѝ упатил закани и фрлал предмети кон нејзината куќа.

Тој бил задржан во полициска станица и по судско решение бил спроведен за издржување на мерка куќен притвор.