Скопјанец нашол паричник и си вадел пари од банка


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Пријавениот, соопштија денеска од МВР, во мај 2022 година пронашол паричник и со личната карта на оштетеното лице на шалтер од банка успеал да подигне 15.600 денари од трансакционата сметка. По преземени мерки и активности, тој бил идентификуван.