Вработени во „Комунална хигиена“ нападнале полицаец
Вчера во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје.
Како што соопштува МВР, претходно во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во нас.Ќерамидница му се заканувале и навредувале полициски службеник, по што И.И. физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.