Гостиварец и тројца Италијанци се сомничат за незаконит лов во Националниот парк „Шар Планина3


Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача вчера во 09:30 часот приведе четворица ловокрадци во Национален парк „Шар Планина“. Како што информираат од Министерството лишени од слобода се А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско и .А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија. -При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 […]

Пензионерка измамена за 200.000 денари


Измамник успеал да придобие 200.000 денари од 82-годишна жена, при што ѝ се претставил дека ѝ е близок роднина. -На 11.12.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 09.12.2022 на подрачје на Гази Баба неговата 82-годишна мајка била измамена од едно лице за сума 200.000 денари, информираат од полицијата. […]

Пронајденото тело во водите на Вардар е лицето што вчера скокна од мостот „Близнак“


  Телото на давеникот кое е извлечено попладнево од водите на Вардар од тим на МВР е идентификувано од страна на роднините на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” и е утврдено дека станува збор за него, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Согласно дојавата […]

Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката


Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека во водите на Вардар е пронајдено тело, кое најверојатно е на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”. – Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, […]

МВР: Лажни се пријавите за поставени експлозивни направи на повеќе локации во Скопје и во Кавадарци


 Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи. – Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се […]

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Табановце-Куманово


  Триесет и шестгодишен жител на липковското село Лојане загина во сообраќајна несреќа што се случила денеска на автопатот Табановце-Куманово, соопшти кумановската полиција. – Денеска во 01:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Табановце-Куманово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од село Лојане, липковско, излетало од […]

Со прострелна рана од огнено оружје во кругот на велешката болница најден мртов маж


Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74 – годишен маж. Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. – Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а […]

Голема полициска акција, апсења и претреси низ цела држава


Во повеќе градови низ државава на над 20 локации изутринава се вршат претреси при што се уапсени повеќе криминалци за шверц на артефакти и предмети со непроценлива културна вредност. Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување. 

Се трага по човекот што се фрли во Вардар кај мостот „Близнак“


Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак“ се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и низводно. Како што соопшти Центарот за […]

Жена пријавена за исчезната пронајдена мртва во скопско Стајковци


Во канал со вода вчера е пронајдена почината З.Д.(78) од скопското село Стајковци. Како што соопшти МВР, жената била пронајдена на местото викано „Орман трло“ во атарот на скопското село Стајковци. Случајот бил пријавен во Полициска станица Гази Баба. Нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје на 7 декември пријавила во полиција дека нејзината мајка исчезнала. Од […]

Прилепчанка тешко повредена, метален предмет од скеле паднал врз неа


Врз прилепчанката С.Н.(44), која вчера се движела по улицата „Борка Талески“ во Прилеп, паднал метален предмет од скеле на објект во изградба и се здобила со повреди. Како што соопшти МВР, таа го пријавила случајот вчера во 17.30 часот во Полициска станица во Прилеп. Жената била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се […]

Поради временските услови прекината потрагата по исчезнатото лице во Вардар


Тимот нуркачи на МВР од Специјалната антитерористичка единица Тигар поради временските услови попладнево ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), потрагата ќе продолжи рано наутро заедно со тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК информираат […]

Се трага по лицето кое се фрли во водите на Вардар


Тим од специјалните сили на Министерството за внатрешни работи со нуркачи, чамци и специјална опрема е вклучен во потрагата по лицето кое утрово од мостот „Близнак“ се фрлило во реката Вардар. Потрагата се врши по течението на речното корито на реката Вардар кај мостот „Близнак“ на булеварот „Србија“ и низводно.   Како што соопшти Центарот […]

Поправал гума на булеварот „Киро Глигоров“, го прегазила „Форд Фиеста“


Едно лице загина во сообраќајката што се случила денеска на булеварот „Киро Глигоров“. Друго лице, пак, е пренесено во болницата по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Како што информира МВР, случајот бил пријавен денеска во 6:10 чaсот во СВР Скопје. Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа […]

Тинејџер  ја нашол дебитната картичка на дедо му, па го „олеснил“ за 468 илјади денари


СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо […]

Тутунскиот тајкун одбил да биде прегледан по самоубиството на Маја Јанеска


Првичните информации за смртта на славната шминкерка Маја Јанеска, девојка на тутунскиот  тајкун Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот. News24 сега објави дека Филипс, кој е ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти, наводно бил „во непосредна близина“ на Јанеска кога таа починала од прострелната рана. Тој допрва треба да даде […]

Измамени битолчани со брзи кредити, лажни наградни игри и писма за наследства


  Секторот за внатрешни работи Битола информира дека зачестиле пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци, односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати. Битолчани се измамени со сомнителни електронски пораки, со лажни наградни игри, т.н. лотарии и писма за наследства. –Со цел […]

Приведен скопјанец, осуден на 15 години казна затвор


Полициски службеници попладнево уапсиле скопјанец осуден на 15 години казна затвор, кој бил баран по централна потерница. -Денеска во 17:20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член […]

Кривична пријава против косовска државјанка за фалсификување исправа


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(19) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Д.К. на втори месецов се пријавила на излез од Република Северна Македонија и од извршените проверки било утврдено дека поседува фалсификувана италијанска лична карта и италијанска здравствена легитимација, за кои изјавила дека ги набавила од […]

Дете малтретирано од соученици во Неготино, му барале пари кои тој ги зел од дома


Жена од селото Пепелиште, Неготинско пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички и психички малтретиран од двајца негови соученици, кои му одзеле пари кои ги носел со себе. „На 05.12.2022 со закана му побарале пари, кои малолетникот на 06.12.2022 ги зел од дома и им ги дал, без знаење на родителите. За случајот е запознаен […]