Вооружен напад утрово во Топанско поле, запалени банкомати во Трговскиот центар


Вооружен напад се случил рано утринава пред 6 часот во трговскиот центар во населбата Топанско Поле, објави Телма .

Неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Неколку лица со закана со оружје утринава во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

-Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.