Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој


Полицијата приведе петмина државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, соопштува Министерството за внатрешни работи. Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни. Како што информираат од МВР, приведени […]

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор


СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело.  Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР […]

Женско тело пронајдено во фаза на распаѓање покрај реката Лепенец кај Орман


Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Како што се наведува во полицискиот билтен, кај телото била пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје – женско лице. Полициски службеници извршиле увид, а по насоки на јавен обвинител […]

Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров


Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот аеродром паднал и се здобил со тешки повреди. Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој […]

Жена со велосипед падна во шахта – тешко е повредена


На 07.06.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје.  Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со […]

Индиец почина во паркот „Жена – борец“ во Скопје


МВР информира дека доцна синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека […]

Истрага против двајца браќа за обид за убиство во Шишево


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата […]

Три починати лица пронајдени на различни локации во Скопје, телата предадени на обдукција


Три лица биле пронајдени починати на различни локации во Скопје во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен во утринските часови во скопското село Кучково, каде под патничко возило „Опел“ бил пронајден починат 67-годишниот Ц.Р. од Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител […]

Ја демнел поранешната сопруга: Со закани барал пак да живеат заедно


На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. -Полицијата постапила по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа […]

Удрил велосипедист, го однел во амбуланта и си заминал – Се пријавил сам додека полиција вршела увид


На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. -По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, […]

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците


Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.    -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од […]

Пукал во соселанец и го повредил, полицијата го уапси


 Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и […]

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола


Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода осум лица кај кои била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.  Во Скопје, вчера и денеска, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ѓ.Д. (30) од Велес, Ф.П. (28) од Куманово, како и И.М. (23), Б.В. […]

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица лишени од слобода


Министерството за внатрешни работи информира дека се регистрирани вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, при што две лица се лишени од слобода. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка вчера во 23:50 часот го лишиле од слобода И.Н. (54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал […]

Наставник во Кичево натепал ученичка


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете” по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетничка-ученичка во истото школо која се здобила со телесни […]

Вчера избувнал пожар под Железничката станица во Скопје – горело насобрано ѓубре


Вчера во близина на Железничката станица во Скопје избувнал пожар откако се запалило насобрано ѓубре, предизвикувајќи густ чад кој можел да се забележи од поголема оддалеченост, сведочат граѓани за порталот „МКД.мк“. Според сведоштвата на граѓаните за порталот, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало граѓани кои чекале автобус на постојката која се наоѓа […]

Натепани 82 и 73-годишници во Кисела Вода


Две повозрасни лица од Скопје биле физички нападнати од 39-годишник.  – На 03.06.2026 во 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, Т.Ј.(82) и М.А.(73) биле физички нападнати од Д.А.(39), сите од Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.          […]

Се обиделе со трактор да прегазат две лица кои ги затекнале како крадат дрва


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од село Црник, општина Пехчево. Како што се наведува полицискиот билтен, тројцата соселани од Пехчево добиле кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, односно се обиделе да прегазат две лица со трактор, откако […]

Гостиварка „дивеела“ во домот: Го натепала сопругот, му го скршила телефонот и дел од покуќнината


Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село. -Полицијата постапи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон, информираат од СВР Тетово. […]

Прегазено дете во Бутел – жителите излегуваат на протести поради безобзирните возачи


        Дете вчера било прегазено кај Радишани, во општина Бутел. Полицијата со детали за сообраќајната несреќа во Бутел во која беше прегазен малолетник. Инцидентот се случил завчера попладне.  – На 02.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Бутелска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, […]