Велешанец силувал девојка од Шведска во ноќен клуб во Охрид


Велешанец уапсен поради сомение за силување на млада девојка во Охрид. 

Од МВР информираат дека К.С. бил приведен вчера во 18:30 часот од страна на полициски службеници од СВР Охрид.

Претходно истиот ден, во 14:35 часот, 21-годишна девојка од Шведска пријавила во СВР Битола дека во ноќта меѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, осомничениот извршил обљуба врз неа.

К.С. е задржан, а по целосното документирање на случајот, МВР најавува дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.