Тројца уапсени за пукањето со автоматска пушка во Тетовско


Вчера во 14:45 часот на патот Тетово–село Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(34) од Селце, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Имено, како што информираат од МВР, тој се сомничи дека на 08.08.2026 околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што се оддалечил од местото.

Во врска со настанот, вчера во периодот од 20:00 до 22:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претрес во домот и помошните простории на Д.С.(44) во Тетово.

„При претресот биле пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 мм, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка, а поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 и сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик од слобода била лишена Ф.С.(58) од Тетово“, посочија од МВР.

Исто така, во врска со настанот, во 23:40 часот во СВР Тетово сама се пријавила Ф.С.(31) од Тетово.

Тројцата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.