Трет ден амандманска расправа за Предлог буџетот за 2023: Одбиени уште четири амандмани


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамки на денешното продолжение на амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година одби четири амандмани кои се однесуваат на животната средина по иницијатива на невладината организација О2. Од вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за разгледување остануваат уште 250 амандмани. Седницата на …

Трет ден амандманска расправа за Предлог буџетот за 2023: Одбиени уште четири амандмани Read More »

Разговорите за работа во недела треба да продолжат, велат од Стопанската комора


Стопанската комора на Северна Македонија излезе со став дека по одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела, разговорите со Владата треба да продложат. Целта на разговорите, како што вели во соопштението до медиумите, е да се конципира ново законско решение …

Разговорите за работа во недела треба да продолжат, велат од Стопанската комора Read More »

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени


  Вкупно пет домашни компании се добитници на финансиска поддршка во рамките на предизвикот за „Справување со климатски промени 2022” кој го спроведе Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции. Добитници се – проектот „Влијание на мрежи за засенчување врз квалитетот и …

ФИТР инвестира во пет компании за развој на решенија за справување со климатски промени Read More »

Деведесет отсто од младите сакаат да се иселат, еден од факторите е корупцијата


  Деведесет проценти од младите луѓе кои се во земјава сакаат да се иселат. Во 2021 година младинската невработеност била 28,3 проценти, но бил висок и процентот на сиромаштијата кај младите луѓе – 27,3 проценти или секој четврт млад човек во земјава се соочува со сиромаштија. Неопходна е реформа на образованието, но младите сакаат и …

Деведесет отсто од младите сакаат да се иселат, еден од факторите е корупцијата Read More »

За 45 милиони евра повеќе пари за земјоделците, но и нов модел за субвенционирање


  За земјоделството во 2023 година се проектирани вкупно 193 милиони евра што е за 45 милиони евра повеќе во однос на Буџетот за 2022 година. Најголем дел од средствата односно 140 милиони евра се наменети за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од кои 114 милиони евра за да се спроведе …

За 45 милиони евра повеќе пари за земјоделците, но и нов модел за субвенционирање Read More »

Долговите за струја ќе се покријат на институциите кои имале објективни причини, за другите следува одговорност


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави ќе ги …

Долговите за струја ќе се покријат на институциите кои имале објективни причини, за другите следува одговорност Read More »

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот за телекомуникации од Софија


  Со цел продлабочување на соработката меѓу бизнис заедницата и универзитетските институции Сојузот на стопански комори на Македонија потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија, Република Бугарија. На свечен настан кој беше организиран на Универзитетот во Софија, меморандумот го потпишаа потпретседателот на Сојузот проф. д-р Орце Симов и ректорката на …

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот за телекомуникации од Софија Read More »

Прес-конференција на премиерот Ковачевски и министерот Николовски


Проследете ја прес-конференцијата на премиерот Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски. Тема на прес-конференцијата еновиот Буџет на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2023 година.

Македонска делегација беше во посета на шведскиот текстилен град Борас


Македонска делегација на покана на Интернационалниот центар „Олоф Палме“  беше во посета на градот Борос, Шведска, соопштија од Здружението „Гласен текстилец“-Штип. Претставници од здружението „Гласен текстилец” – Штип, КУЦ Текстил, Општина Штип, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Центар за стручно образование и обука, Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ од Штип, советници …

Македонска делегација беше во посета на шведскиот текстилен град Борас Read More »

Почнуваат активности за ставање во функција на електраната ТЕЦ Неготино


АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека ТЕЦ Неготино од изутринава ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство. – Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство, …

Почнуваат активности за ставање во функција на електраната ТЕЦ Неготино Read More »

Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година. Собраниската Комисија за финасирање и буџет во петокот вечерта едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за …

Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023 Read More »

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство


ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52ч и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија. Во ТЕЦ Осломеј, се појаснува во соопштението, во претходниот период се вршеле неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и …

ТЕЦ Осломеј вклучен во производство Read More »

Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти


Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Согласно податоците, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 …

Домаќинствата со просечна заштеда од 16,32 проценти, блок тарифите даваат ефекти Read More »

Вицегувернерката Митреска: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна


„Народната банка е во групата ретки земји коишто започнаа со нормализација на монетарната политика, уште од крајот на минатата година преку постепено повлекување ликвидност. Меѓународните финансиски институции потврдуваат дека реакцијата на нашата централна банка на инфлацијата е навремена и соодветна, впрочем да не беше така, немаше да се квалификуваме ниту за Кредитната линија за претпазливост …

Вицегувернерката Митреска: Меѓународните финансиски организации ја оценија монетарната политика како навремена и соодветна Read More »

„Finance Think“ за Предлог-Буџетот: Приходите се нереално високи, ќе се крати од капиталните расходи


  Владата на Република Северна Македонија го усвои Предлог Буџетот за 2023 година. Предлог Буџетот се донесува во услови на нагласена неизвесност во економското окружување и ризици за понатамошно интензивирање на стагфлациските тенденции, кои се очекува да имаат поголема материјализација во првиот и вториот квартал од 2023 година. Во таа смисла, Предлог Буџетот 2023 проектира …

„Finance Think“ за Предлог-Буџетот: Приходите се нереално високи, ќе се крати од капиталните расходи Read More »

Реформата е со меки даночни решенија, велат експертите за владиниот предлог


  Даночна реформа или само „шминка“ на постојниот даночен систем? За експертите нема двојби дека Македонија е зрела за сериозна даночна реформа, но тоа треба да се направи многу внимателно и одмерено со цел оданочувањето да ги опфати и оние кои до сега успешно и упорно го избегнуваат плаќањето на даноци, но и праведно во …

Реформата е со меки даночни решенија, велат експертите за владиниот предлог Read More »

ЕСМ годинава произвело повеќе струја од лани


  ЕСМ денеска соопшти дека го зголеми производството на електрична енергија за 26 отсто за 11-те месеци годинава во споредба со истиот период лани. Од јануари до ноември 2022 година, ЕСМ со термоелектраните РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино“, гасната електрана „Енергетика“, хидроелктраните и системи Маврово, Тиквеш, Црн Дрим и Треска, и Ветерниот парк „Богданци“ …

ЕСМ годинава произвело повеќе струја од лани Read More »

Во 2023 ќе се примени нов систем на субвенции во земјоделството, како во ЕУ, рече Ковачевски


  Воопшто не се намалува субвенцијата на земјоделците, туку таа останува иста, а кај некои и ќе се зголеми, оние кои имаат зголемено производство, истакна на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека со измените 30 проценти од субвенциите ќе се исплаќаат за време на посевите. Тој истакна дека за 2023 година ќе се воведе …

Во 2023 ќе се примени нов систем на субвенции во земјоделството, како во ЕУ, рече Ковачевски Read More »

„Фероинвест“ проектира, гради и купува струја од фотоволтаици


  „Фероинвест“ соопштува дека како единствена компанија на македонскиот пазар нуди комплетни решенија за изградба на фотоволтаична централа: од првичната идеја, преку извршување, одржување на електраната и обезбеден откуп на електрична енергија во иднина. Компанијата тоа го прави преку различните делови во групацијата. Во тоа учествува правната служба, потоа проектантското биро „Аквават“, кое е специјализирано …

„Фероинвест“ проектира, гради и купува струја од фотоволтаици Read More »

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта


Европската Унија формално ја потврди одлуката за воведување ограничувања на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од Русија, објави Чешка, која претседава со ЕУ. „Амбасадорите штотуку постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат“, соопшти Чешка. Следува писмена процедура, а одлуката за ограничување на цената …

ЕУ формално ја потврди одлуката за ограничување на цената на руската нафта Read More »