ЕСМ годинава произвело повеќе струја од лани


 

ЕСМ денеска соопшти дека го зголеми производството на електрична енергија за 26 отсто за 11-те месеци годинава во споредба со истиот период лани.

Од јануари до ноември 2022 година, ЕСМ со термоелектраните РЕК „Битола“, РЕК „Осломеј“, ТЕЦ „Неготино“, гасната електрана „Енергетика“, хидроелктраните и системи Маврово, Тиквеш, Црн Дрим и Треска, и Ветерниот парк „Богданци“ произведе 3.673.994 мегават часови електрична енергија што претставува 126 отсто споредено со истиот период во 2021 година, кога беа произведени 2.922.342 мегават часови.

Од ЕСМ информираат дека термоелектраните имаат натфрлање на производството од 29 отсто, додека кај хидроелектраните има помало производство од планираното со цел водата во акумулациите да се заштеди за следниот период и електричната енергија да се обезбеди преку другите капацитети.