„Фероинвест“ проектира, гради и купува струја од фотоволтаици


 

„Фероинвест“ соопштува дека како единствена компанија на македонскиот пазар нуди комплетни решенија за изградба на фотоволтаична централа: од првичната идеја, преку извршување, одржување на електраната и обезбеден откуп на електрична енергија во иднина.

Компанијата тоа го прави преку различните делови во групацијата. Во тоа учествува правната служба, потоа проектантското биро „Аквават“, кое е специјализирано за обновливи извори на енергија. „Брако“ ги произведува металните конструкции, ЕМС го спроведува проектот на терен и врши 24-часовен надзор, додека ОИЕ работи на откупување на на произведената струја.