Бесими не се откажува од солидарниот данок, апелира да се донесе законот


  Министерот за финансии Фатмир Бесими апелираше денеска до пратениците што побрзо да ги донесат законите од даночната сфера кои што се „заглавени“ во Собранието, иако, како што вели, се поминати сите фази на дебата. Тоа, меѓу другото се однесува и на таканаречениот данок на солидарност, од кој Владата планира да инкасира 80 милиони евра […]

Уште повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка


Во промотивниот период до 30.09.2023, Комерцијална банка ги зголеми основните фиксни каматни стапки на денарските депозити до 3,10%, а на депозитите во евра до 2,10%. Стимулативните каматни стапки за поголеми влогови достигнуваат и до 4,70% за денарски и до 3,60% за депозити во евра.    Повисоките каматни стапки за штедење во Комерцијална банка обезбедуваат поголеми […]

Цените „одмрзнати“, засега без нови мерки


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека „замрзнатите“ цени на основните производи веќе нема да важат, но ако се забележи дека има нивно вештачко зголемување, инспекциите, рече, веднаш ќе реагираат. -Во однос на цените на прехранбените производи, утврдено е дека речиси сите се намалени согласно владините мерки кои се носат една година. Да, мерките […]

Нова поволност – рати без камати со дебитните картички на Комерцијална банка


Дебитните картички на Комерцијална банка стануваат верен пријател на вашиот месечен буџет затоа што сега ви овозможуваат плаќање на рати без камата со наменско дозволено пречекорување. Купувањето со дебитните картички на Комерцијална банка овозможува плаќање на 3, 6, 12 или 24 рати без камата и без дополнителни трошоци во продавниците со кои Банката има склучено […]

Министерот Николовски на регионалната конференција „Grow up“ во Копаоник


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски учествува на регионалната конференција „Grow up“ што вчера и денеска се одржува во Копаоник, Република Србија. Конференцијата е во рамки на иницијативата Отворен Балкан, а Николовски и министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ ќе имаат обраќања на тема „Регионална поврзаност како можност за развој”. -Ќе […]

Основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат


Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а […]

Дестатис: Македонија има најниски трошоци за живот во Европа


Бон- Северна Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и е рекордер по ниски цени во многу категории, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германските статистичари ги анализирале цените на голем број производи и услуги во различни категории во 40 европски држави. Заклучно со март годинава, Северна Македонија е делумно поскапа само од […]

Почнуваат работите за изградба на Коридорот 8


Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска, на патарината Тетово – Гостивар, ќе присуствува на почетокот на работите за изградба на Коридорот 8. Груби ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Стабилизација на светската трговија на почетокот на годината


  Светската трговија се стабилизираше во првиот квартал, а закрепнувањето би можело да се забрза до средината на годината, покажа во средата извештајот на Светската трговска организација (СТО). Барометарот на трговската размена на стоки во март беше за 3,4 поени повисок од крајот на минатата година и изнесуваше 95,6 поени, повторно приближувајќи се до основната […]

Од денеска нови летови од Охрид кон Лондон и Манчестер


Охрид од денеска авионски се поврзува со две нови дестинации. На охридскиот аеродром утрово слета првиот авион со туристи од Манчестер, Велика Британија, а подоцна и вториот авион од аеродромот Гетвик во Лондон. Воведувањето на двете нови сезонски авиолинии од и кон охридскиот аеродром беше одбележано со воден мост и свечен пречек на туристите. Министерот […]

ЕЦБ предупредува на неконтролиран пад на цените на недвижностите поради високите камати


Цените на становите во еврозоната би можеле неконтролирано да паднат, бидејќи становите стануваат недостапни за граѓаните и непривлечни за инвеститорите поради високите каматни стапки, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). Тоа е еден од неколкуте ризици истакнати во анализата на ЕЦБ за финансиската стабилност, при што повисоките трошоци за задолжување и побавниот економски раст ги повредуваат […]

Милиони домаќинства и компании во САД немаат пристап до брз интернет


 Повеќе од 8,3 милиони американски домаќинства и бизниси немаат широкопојасен интернет пристап, објави американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ). Податоците на ФЦЦ се клучни за владините одлуки за финансирање. Во 2021 година, Конгресот одобри грантови од 42,45 милијарди американски долари за држави и територии за проширување на инфраструктурата за широкопојасна мрежа. Дирекцијата за телекомуникации и […]

Струјата ќе поскапи 13 проценти ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите, одлука околу 20 јуни


До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се пристигнати сите барања за цената на струјата и доколку бидат прифатели тоа би значело нејзино зголемување за 13 проценти, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец. Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција […]

Големиот пораст кај енергијата не го спаси од пад индустриското производство


Индустриското производство во април годинава во споредба со април лани е намалено за 1,7 отсто. Вкупно, пак, во првите четири месеци од 2023 во однос на истиот период од претходната година намалувањете на индустриското производство изнесува 0,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен […]

ФИТР со нов јавен повик за комерцијализација на иновативноста на македонските компании


Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновациите на македонските компании. Повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго […]

Задолжувањето сѐ покапо


Просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити во април бележи раст. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесува 5,08 проценти, а на вкупните депозити 1,17 проценти. Зголемување има кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и на месечно и на годишно ниво и тоа за […]

Маричиќ: Поглавјето 20 ја отвора вратата на пазарот на ЕУ за македонските компании


Фокусот на Владата е насоченa кон усогласување со пазарот на ЕУ, кој се карактеризира со конкуренција и иновации, како и на политички мерки и инструменти за намалување на последиците од енергетската криза, кои забрзаа неколку реформски процеси, изјави денеска во Брисел вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето воведно излагање на билатералната скрининг […]

Тревога кај тутунарите, расадот им остана по леите поради дождовите


  БИТОЛА – Дождот ги одлага роковите за расадување на тутунот, се жалат пелагониските тутунари. Врнежливото време и влажната пролет оваа година не им оди во прилог на тутунарите, расадот им остана по леите непосаден, а на оние што влегоа во нивите да садат, силните и поројни дождови им направија штети. Вчера околу 16 часот […]

Пендаровски на МЕФ 2023: Неопходни се повеќе домашни извори на енергија и вклучување во регионалните иницијативи


Мора да се работи на тоа да имаме што повеќе домашни извори на енергија со оглед дека сме се уште увозно зависна држава, а преку регионалните иницијативи да влегуваме на пошироките енергетски пазари, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на Македонскиот енергетски форум МЕФ 2023 година. Како држава која е високо зависна од увоз на енергија, […]

Законот за зголемување на лимитот на американскиот долг ја помина првата пречка


Комисијата за правилник на американскиот Конгрес со 7 спрема 6 гласови го одобри законот за кој преговараа претседателот Џо Бајден и претседателот на Конгресот Кевин Мекарти за зголемување на горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари и постигнување нови кратења на федералните трошоци. Законот денеска ќе биде на расправа во Конгресот, по што […]