Кинеските контејнери се повеќе се „трупаат“ во Русија


  Контејнерите за испорака од Кина „се трупаат“ во Русија во услови на наплив на кинески стоки што се влеваат во земјата со зголемената трговија, покажа нова анализа. Русија има дополнителни 150.000 транспортни контејнери кои увозниците се обидуваат да ги вратат во Кина, се вели во извештајот на логистичката платформа Container xChange, објавен во четвртокот, […]

Инфлацијата во фокусот на меѓународната конференција на НБ и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс


„Повторното актуализирање на инфлацијата и новата геополитичка реалност во прилог на преосмислувањето на макроекономската политика“ е темата на Деветтата меѓународна истражувачка конференција, којашто Народната банка годинава ја организира во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ). Конференцијата, со поздравни обраќања, ќе ја отворат претседателот Стево Пендаровски и челните претставници на институциите-организатори, гувернерката Анита […]

Во Охрид „ИТ Денови на кариера“


Во Охрид денеска и утре ќе се одржи на вториот настан „ИТ Денови на кариера-Охрид“, чија цел е да ги поврзе локалните ИТ таленти со водечките компании во ИТ индустријата во Македонија. Најавено е учество на 12 компании и две презентации. Денеска презентација „Како да бидете фриленсер“ и во сабота презентација од Сеавус. Тимот на […]

Во Новаци ќе биде отворена фотоволтаична централа, нова домашна инвестиција


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченото отворање на фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци”, нова домашна инвестиција, во Општина Новаци. Како што најавија од владината прес-служба, на настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фамир Битиќи, министерите за економија и за транспорт и врски, Крешник Бектеши и Благој […]

Екстремен страв повторно ги прогонува пазарите. Еве зошто инвеститорите се исплашени


Инвеститорите се навистина нервозни во моментов. Индексот на страв и алчност на Си-Ен-Ен, кој следи седум индикатори за расположението на пазарот во Соединетите држави, се претвори во „екстремен страв“ во четвртокот за прв пат од март, кога банкарската криза сееше паника меѓу инвеститорите. Денес тоа е болна мешавина на раст на цените на нафтата, очекувања за […]

Принстон станува бесплатен за семејствата на студентите кои заработуваат до 100.000 долари годишно


Принстон, еден од најпрестижните универзитети во САД, најави нова политика за трошоците за студии. Од оваа година „мнозинство од семејствата што заработуват до 100.000 долари годишно нема да плаќаат школарина“ за студии, а финансиска помош можат да добијат и оние со плата поголема од 100.000 долари, соопшти денеска Волстрит журнал. Принстон со оваа промена прави […]

Рајанер укинува голем број есенски летови


 Ирскиот дисконтен авиопревозник  најави дека значително ќе го намали бројот на летови оваа есен поради доцнење на нарачаните авиони Боинг. Рајанер во соопштение наведува дека очекувал испорака на 27 авиони Боинг во периодот меѓу септември и декември. Но, поради доцнење на производството во објектот Spirit Fuselage во Вичита, Канзас и доцнење во поправките и испораките […]

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт


  Сеавус официјално се ребрендира и ќе работи под името Киншифт (Qinshift). Оваа значајна промена е дел од најавената трансформација на технолошкиот столб на KKCG Групацијата, која на почетокот на летото објави дека ќе работи под два главни бренда, за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите […]

Еве за кои производи се намалени увозните давачки, познати и производите со повластена стапка на ДДВ


Владата денеска донесе повеќе одлуки со кои се намалуваат увозните даваќки или се допрецизираат вече донесени одлуки насочени за заштита на животниот стандард на граѓаните и со кои треба да се придонесе за намалувања на цените на зеленчук и овошје, ориз, јужно овошје; најниска повластена даночна стапка за основните прехранбени прозводи Така, со Одлуката за […]

Цената на нафтата Брент е највисока во последната година


Цената на нафтата Брент денеска достигна цена од 97,56 долари за барел, што е највисока во последната година. Како што објави Си-Ен-Би-Си, главната причина за овој раст е загриженоста за падот на залихите на нафта во САД. Залихите на сурова нафта во Кушинг, Оклахома паднаа на 22 милиони барели во четвртата недела од септември, блиску […]

Под клуч ставени уште пет маркети кои не ги продавале артиклите по „гарантирана цена“


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казнил и пломбирал уште пет маркети ширум земјава кои не ја испочитувале одлуката за ограничување на цените на дел од прехранбените производи за кои Владата одлучи дека ќе се продаваат по „гарантирана цена“ до 30 ноември. За ова на својот профил на Фејсбук информира првиот човек на Пазарен, Горан Трајковски. […]

Богоев: Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата


Царинската управа работи на конкретни мерки и активности што ќе резултираат со скратено време на завршување на процесите за царинење и помали трошоци за компаниите. Секој ќе има придобивки од овие политики, бидејќи се клучни за генерирање повисок и одржлив економски раст. Ова го истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на настан по повод […]

За следната година обезбедени нови 5.000 дозволи за транспортерите


  Министерот Благој Бочварски на традиционалната средба со превозниците, во организација на Асоцијацијата Макам Транс информираше за напорите кои се прават со цел обезбедување на дополнителни транспортни дозволи со кои се нудат дополнителни можности за македонските транспортни компании. „Од наредната 2024 година Северна Македонија како полноправна членка на Организацијата за црноморска економска соработка за нашите […]

Поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР […]

Цената на медот, редум, 600 денари за тегла


Мед, полен, матичен млеч, прополис, мешавина на мед со лековити растенија и природна козметика од мед, се само дел од палетата производи што ги нуди годинашната манифестација „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата почна денеска и ќе трае до недела, 1 октомври, а се одржува на улица „Македонија“ во Скопје. Тегла мед чини 600 денари, […]

Најниска повластена стапка на ДДВ за 1.600 производи, меѓу нив и пелетите


Сите основни прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи што ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата што денеска ја усвои Владата содржи над 1.600 производи и се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа […]

„Макпетрол“ ја обнови и пушти во употреба бензинската станица во Кавадарци


Современ и функционален изглед, како и исполнување на највисоките технички и безбедносни стандарди, има обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Кавадарци која што е пуштена во употреба. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат 24 часа секој ден во неделата. На обновената бензинска станица во Кавадарци се достапни сите квалитетни ULTRA горива на „Макпетрол“, […]

Регулаторната комисија за енергетика одбележа 20 години постоење


Со порака дека вработените и интегритетот вграден во секоја одлука претставуваат носечки столб во функционирање на енергетските пазари, но и дека независнота на институцијата е клучна, вчера Регулаторната комисија за енергетика, надлежна и за водни услуги и управување со комунален отпад, одбележа две децении од основањето. Во  пригодниот говор, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски рече […]

Стартува новата редовна авиолинија Скопје – Љубљана


Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВ синоќа на Меѓународниот aеродром Скопје го означи стартот на новата редовна авио линија Скопје–Љубљана, на „Визер“. – ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа […]

Ново од Комерцијална банка – Пакет бесплатни производи и дигитални услуги за млади без плата


Пакет бесплатни финансиски производи и услуги понуди Комерцијална банка за млади без редовна плата со цел да останат амбициозни, активни и динамични. Во Пакетот за млади до 30 години кои сè уште не примаат плата ги вклучивме најдобрите производи и дигитални услуги што ги нуди Комерцијална банка и, најважно од сè, им овозможивме да ги користат […]