Брзи и едноставни плаќања со Google Pay и Visa картичките од „Комерцијална банка“


Со Google Pay™ и Visa картичките од Комерцијална банка плаќањата сега се уште полесни. Комерцијална банка со новата дигитална услуга овозможува нови привилегии кои значат брзи и едноставни плаќања со паметен телефон или часовник. Со додавање на Visa картичките на Комерцијална банка во апликацијата Google Wallet™, секој Android или WearOS уред станува дигитален паричник со […]

Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови


Холандската Партија за животните (ПВДД), чија примарна заложба е заштита на правата на животните и на животната средина, во својата програма за ноемвриските предвремени парламентарни избори во Холандија предлага бројот на добиток во земјата да се намали за 75 отсто со цел да се намалат емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. […]

Граѓаните ќе може да ги споредуваат трошоците на услугите на банките


Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Како што известуваат од НБРМ, овие активности на се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како […]

Најголема експанзија до сега: Хрватски „Инфинум“ ја презеде американската дигитална агенција ЕТР


Една од најголемите хрватски ИТ компании, „Инфинум“, ја презема ExpandTheRoom (ETR), креативна дигитална агенција со седиште во Њујорк. Присутен на македонскиот пазар со свои канцеларии од 2022 година, овој наградуван технолошки колектив, чии клиенти се „Филипс“, КПМГ, „Порше“ и „Ворнер брадерс“, го проширува своето присуство во САД за да одговори на зголемената побарувачка во областа […]

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот


Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари, односно еден милион евра на свои осигуреници или на носители на правото за обесштетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година. Средствата се исплатени заради смрт на […]

Македонска винска вечер во Будимпешта


Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот  унгарски вина и Балкан-инфо вчера во Будимпешта организираа дегустација на македонски вина. Настанот беше реализиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и со поддршка од Амбасадата на Северна Македонија во Будимпешта. Како што соопшти организаторот, присуствуваа голем број познавачи на вина и се дегустираа 14 видови вина […]

Бектеши и директорот на Бирото за метрологија Селами на средба со менаџментот на ЕВН Македонија и ЕВН Дистрибуција


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами ќе ја посетат подружницата на ЕВН Македонија во Бутел и ќе направат увид на лабораторијата каде што се врши тестирање на броила за електрична енергија. Како што најавија од Министерството за економија, во рамки на пoсетата ќе остварат средба […]

Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места


 Бројот на нови работни места што се креирани годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во државава достигна над 1 100. Од Дирекцијата за ТИЗР најавуваат еднакви можности за домашните и странските инвеститори со измените на Законот за индустриски зони, што се во финална фаза.   -Покрај постојаниот раст на извозот, на економијата внатре во […]

Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за да ја поддржи цената


Саудиска Арабија ќе продолжи да го намалува производството на нафта за 1 милион барели дневно од октомври до декември 2023 година, одржувајќи ја својата стратегија за поддршка на цената на нафтата, соопшти денеска нејзиното Министерство за енергетика. Саудиска Арабија, која е првиот светски извозник на нафта, го најави тоа намалување во јуни, по состанокот на […]

Владата ја усвои Националната стратегија за лозарство и винарство за зголемена конкурентност на пазарите


Владата на денешната 182 седница ја усвои Националната стратегија за лозарство и винарство за зголемена конкурентност на пазарите во земјава и странство. Како што информираат од Влада, овој стратешки документ има за цел подобрен индекс на квалитет на производството, воведување нови производствени технологии и современ пристап за промоција и маркетинг на крајните производи во и […]

Шолц најави големо проширување на мрежата на електрични полначи во Германија


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска најави голема кампања за проширување на станиците за полнење на електрични возила на саемот за мобилност IAA во Минхен. Шолц рече дека во следните недели, Германија ќе стане првата земја во Европа што ќе донесе закон со кој се бара од операторите да обезбедат 80 отсто од сите бензински пумпи […]

Со првиот јавен повик од ИПАРД 3 на располагање 30 милиони евра


Со првиот јавен повик од ИПАРД 3 Програмата на располагање се 30 милиони евра за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и диверзификација на фарми и развој на бизниси, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). -Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. На 1 септември […]

Поради зголемувањето на државната поддршка, повеќето Германци сметаат дека веќе не вреди да се работи


  Мнозинството Германци веруваат дека повеќе не вреди да се работи со оглед на зголемувањето на државната поддршка, покажа денеска објавеното истражување на јавното мислење. Според истражувањето на институтот ИНСА за дневниот весник „Билд“, 52 отсто од испитаниците сметаат дека работата не вреди, 40 отсто го мислат спротивното, а осум отсто одбиле да одговорат на […]

Производителот на лековите за слабеење „Вегови“ и „Оземпек“ сега е највредната компанија во Европа


„Ново Нордиск“ го симна од тронот гигантот за луксузни стоки ЛВМХ (LVMH) на Бернард Арно како највредната компанија во Европа. Акциите на данскиот производител на лекови се зголемија за 40 отсто досега оваа година, поттикнати од експлозијата на побарувачката за неговите лекови за слабеење „Вегови“ и „Оземпек“ (Wegovy и Ozempic). На затворањето на тргувањето во […]

Интерес за нови германски инвестиции има, потребни се обуки на кадарот и подобра патна инфраструктура


Интересот на германските компании за инвестиции во Северна Македонија е голем, државата е стабилна и располага со кадровски потенцијал. За потенцијалните германски инвеститори не се проблем трошоците за работната сила, туку ја истакнуваат важноста на нејзините квалификации и ги разгледуваат можностите за нејзино дообразување преку обуки и разни тренинг програми. Укажуваат и на потребата од […]

Признание од ИТУ: Македонија меѓу земјите со најразвиени телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот


 Северна Македонија од ITU е признаена како земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот, што дава основа за брза дигитална трансформација, беше нагласено на средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски со генералната секретарка на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU),  Дорин Богдан-Мартин на маргините на Талинскиот дигитален […]

Битиќи пред германски стопанственици: Предвидливост и силна подршка за инвеститорите


Имаме цврста институционална рамка која за вашите бизниси нуди предвидливост и силна поддршка, која вклучува различни мерки кои обезбедуваат субвенции за креирање на нови работни места, во делот на капиталните инвестиции, за реализација на инвестициски проекти за истражување и развој, каде тие изнесуваат 50 проценти од прифатливите трошоци, како и поддршка во делот на извозот, […]

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени


Сојузот на здруженија на лозари бара поголема поддршка од државата, по пет денари за килограм гројзе. Вели дека винарските визби ги нудат ланските откупни цени, 16,5 денари за „вранец” и 14,50 денари за „смедеревка“.  Според Сојузот, ако лозарите ги добиваат реалните производствени цени од винарите, нема ни да бараат државна поддршка. -Винарите ни ги нудат […]

ММФ: Политиките на претпазливост на Народната банка кои даваат резултати, треба да се применуваат и понатаму


 Народната банка води соодветни политики и презема мерки преку коишто се обезбедува постепено намалување на ценовните притисоци и се зајакнува отпорноста на банкарскиот систем во услови на продолжена неизвесност. Ова се дел заклучоците од денешната средба на гувернерката и вицегувернерите на Народната банка со новоназначениот шеф на Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје Себастијан […]