Рајанер укинува голем број есенски летови


 Ирскиот дисконтен авиопревозник  најави дека значително ќе го намали бројот на летови оваа есен поради доцнење на нарачаните авиони Боинг.

Рајанер во соопштение наведува дека очекувал испорака на 27 авиони Боинг во периодот меѓу септември и декември. Но, поради доцнење на производството во објектот Spirit Fuselage во Вичита, Канзас и доцнење во поправките и испораките во Сиетл, тие сега очекуваат само 14 авиони да бидат испорачани меѓу октомври и декември.

Затоа Рајанер ќе го намали бројот на летови од крајот на октомври, соопштуват од компанијата, додавајќи дека ќе ги известат патниците преку е-пошта во наредните денови.

Рајанер ќе повлече три авиони од својата база во Шарлроа, Белгија, два од Даблин и пет од аеродромите во Италија, вклучувајќи ги Бергамо, Неапол и Пиза.  Тие, исто така, планираат да го намалат бројот на авиони на британскиот аеродром Ист Мидлендс, Порто во Португалија и Келн во Германија.